КОГА 007 ЌЕ СТАНЕ КАУБОЕЦ Пирс Броснан во вестерн сагата „Синот“ на ТВ Телма
„Синот“ е моќна приказна, американска вестерн драма во која поранешниот таен агент 007, Пирс Броснан многу лесно се снаоѓа во улогата на каубојски тајкун.
Комплексна приказна за честа и семејството, за вредностите кои ги почитуваме. Секој оној кој атакува на семејните вредности ќе плати мошне висока цена. Семејна драма која се одвива во период од цели 150 години во Тексас.
„Синот“ е моќна приказна, американска вестерн драма во која поранешниот таен агент 007, Пирс Броснан многу лесно се снаоѓа во улогата на каубојски тајкун.
Телма телевизија, во 20.30 часот секој работен ден, ќе ја емитува серијата „Синот“ веднаш по завршување на популарниот историски спектакл „Викторија“. Првата епизода на „Синот“ е во вторник на 14 декември во редовниот термин резервиран за серија на Телма, 20.30 часот.
Серијата одблиску ни покажува како немилосрдната желба за моќ има големи последици во неколку генерации на семејството МекКалоу. Илај МекКалоу е лидер на фамилијарниот патријархат, лик во интерпретација на познатитот актер Пирс Броснан. Илај од добродушен, харизматичен и невин доселеник, кој со помош на судбината на американско-мексиканската граница ќе се претвори во пресметлив насилник кој што на Дивиот запад ќе изгуби сѐ. Подоцна пак, погоден од личната трагедија, од темел ќе создаде нафтена империја која што покрај името МекКалоу ќе стекне огромно богатство и ќе стане семејна империја.
Вестерн серијата снимена според истоимениот бестселер на Филип Мејер е приказна за една голема сага што го следи семејството МекКалоу, во истовреме серија предложена и за наградата Пулицер. Серијата „Синот“ е приказна конципирана како Шекспирова трагедија, добро напишана и прецизно и допадливо пренесена на телевизиските екрани.
Ќе го доживееме Тексас онаков како шо бил во средината на 19 век. Одземајќи ја земјата на Индијанците, со масовното доселување на Американците, семејството МeкКалоу предводено од Броснан, фасцинантно ќе ја понесе атмосферата на приказната од почетокот и ќе ја носи сѐ до крајот на вестерн драмата. Војната помеѓу Мексико и Соединетите Држави е една сурова, насилна и фасцинантна приказна која има големо влијание и врз семејната драма на МекКалоу.
Современиот Тексас пак, со убавата и отворена природа, во периодот помеѓу 19-от и 20-век со новите технологии, но и трагите на минатото е уште поголем предизвик. Tоа е период на транзиција каде што ќе експлодира сударот на генерациите.
Улогата на Илај ќе нѐ натера само повеќе да го почитуваме големиот Пирс Броснан. Тој, како Илај подготвен е на сѐ, само за да го заштити своето семејство. Илај со својот посебен шарм и сите околу него придонесуват приказната да нѐ прошета назад низ времето во автентичниот Тексас. Првата епизода која ќе се емитува во вторник на Телма го носи името „Првиот син на Тексас“ и уште во неа ќе се соочиме со младиот Илај МекКалоу кој има проблеми со соседите од индијанското племе Команчи, а веднаш ќе го запознаеме и искусниот и богат, но отуѓен, Илај кој новиот 20-ти век го запознава преку својот син.
Серијата е производ од оригиналната ТВ програма на каналот AMC (American Movie Classics) познат и по сериите „Mad men“, „Breaking bad“ или долгата и култна „The walking dead“. На извонредната низа телевизиски серии се приклучи и „The son“ или „Синот“ чија магија и квалитет ги носи уникатниот Броснан. Во главните улоги освен Пирс Броснан се и Паола Нуњез, Џејкоб Лофланд и Хенри Гарет. Серијата „Синот“ премиерно започнува утре во 20.30 часот на телевизија Телма. Потоа ќе се емитува секој работен ден од понеделник до петок во 20.30 .