КОД: Македонија барала вакцини од Израел, ама била одбиена

Оријан вели дека понудиле и помош на македонските здравствени власти, тие да ги искористат израелските искуства за набавка и вакцинација.

685

Македонија за вакцини контактирала и со израелските власти, тврди амабасадорот на Израел, Дан Оријан, во вечерашната емсиија КОД, објави Телма.

Оријан вели дека понудиле и помош на македонските здравствени власти, тие да ги искористат израелските искуства за набавка и вакцинација.






-Ни пријдоа, нè контактираа за вакцинација од Министерството за здравство. Ние јасно им дадовме до знаење дека Израел не е во позиција да даде вакцини, секако не пред сите Израелци да бидат вакцинирани, целото население. Исто така имаме договори со произведувачите дека вакцините кои ни ги продаваат се само залуѓе кои живеат во Израел. Сепак, ние ги понудивме нашите добри конекции со компаниите, во случај да има потреба. Од она што јас го слушнав од вашите официјални претставници е дека тоа не е потребно и дека доаѓаат, доаѓаат наскоро и ќе почне – тврди Оријан во емисијата Код.

Поврзани содржини