Коцката е фрлена!

Што дека имаме претседател на државата, кој треба да е со народот во овие тешки времиња, да го крепи, води... штити. Но, тој е избран од оние на кои им служи, како заложник. ТОЈ НЕ Е НАШ! Се одроди од македонскиот народ, на кој и самиот му припаѓа. Башка што е дволичен и лицемерен, како недоучен – а зине, а зелена скине, - се покажа и како голем манипулант - лажго, кој со своето однесување го игнорира народот, но и себе. Таков бескарактерен профил кој самиот не се почитува, е нашиот „љубави“.

3,203

Македонија со години е заглавена во коцкарска шема. Народот е во барабанот, а тој се врти, се вртиМора да застане, но кога? И што ли ќе излезе од него?

Коцката е фрлена! Тропна ЗАРОТ на масата, како што народно велиме. И сега? Престанете сите опозиционери со меѓусебното колвење. Тоа не води кон ништо добро. Кога не бевте волни, дури и способни, да се здружите и да одлучите кога, какво чаре треба да се преземе за како држава и народ да излеземе од овој ќорсокак кој предавниците од власта ни го калдрмисаа како „единствен пат кон ЕУ“ – сега замолчете! Придружете се на референдумот! Секое натамошно меѓусебно напаѓање, само ќе го дезориентира избезумениот народ, ќе ги бодри предавниците и тоа ќе влијае на успехот на референдумот. Има некој што сака да не успее, само за инает…?






Сега веќе не вреди да се дискутира дали требаше или не требаше референдум…, ниту дека избирачките списоци не се реален приказ – колку население, толку гласачи!? – па дали е можен излез на 900.000 гласачи? Ниту дека пописот смислено ги среди „резидентните и нерезидентните…, како и за припомошта од притрчаното со двојно државјанство население од Косово и од Албанија, кое по принципот „гласај ваму – гласај таму“ ги „дооформи и дополни“ празнините на пописните и гласачките списоци, и го зголеми сомнежот… како и можноста за манипулации, опструкции, политички злоупотреби и фалсификати од страна на власта.

Тоа е сѐ познато, но, не смееме да губиме здив и како Македонци, како народ да се помириме во самите себе, со себе и на тој начин да ги куражиме новите џелати на Македонија, од типот на заевци, димитровци… потписници на Охридскиот, Преспанскиот, Бугарскиот договор и арисаната Тиранска платформа…. како воскреснати вампири – крвопијци на македонскиот опстанок, кои се причина за денешното дереџе и страдање на сиот македонски народ – каде и да е, одново и тоа гордо да се огласуваат, да даваат интервјуи со свои „светогледи“, критики, прогнози…

Да потсетам: – Едно време, за кое се надевам дека ќе се врати како историско и божјо повторливо видение…, не толку одамна… нашите дедовци – комити, таквите изроди – предавници на својот народ, јавно ги бесеа на висока букова гранка и ги оставаа да висат со јажето околу вратот за месата да им бидат исколвани од свраките, а исушените коски да клопотат на ветрот како предупредување….

Веќе стана неподнослива глетката која катадневно ни го блокира умот. Понижувањата, притисоците… се сѐ поприсутни и сѐ повеќе болат…, па лека полека ја губиме свеста за самоопстојба и тонеме во резигнација. Референдумот е избран како начин, да осознаеме дека ние сме каменот врз кој се крши молњата и да реагираме, сами да се заштитиме. Неизвесноста секогаш е тука, покрај надежта која не треба да ја губиме за да не се чувствуваме дека сме оставени и од самите себе, како клетници..

Што дека имаме претседател на државата, кој треба да е со народот во овие тешки времиња, да го крепи, води… штити. Но, тој е избран од оние на кои им служи, како заложник. ТОЈ НЕ Е НАШ! Се одроди од македонскиот народ, на кој и самиот му припаѓа. Со леснотија ги поднесува неговите критики… Како да му годат. Како поинаку да се сфати неговото присуство на Охридскиот маратон? Човек со образ, тоа не го чини… Башка што е дволичен и лицемерен, како недоучен – а зине, а зелена скине, – се покажа и како голем манипулант – лажго, кој со своето однесување го игнорира народот, но и себе. Таков бескарактерен профил кој самиот не се почитува, е нашиот „љубави“.

Преку своите изјави кои ги менува како ленти, самиот се легитимира како несоодветен на функцијата која ја извршува. Наместо да го бодри народот, тој го заплашува со претстојниот референдум, велејќи: „Успешен референдум ќе ни ја затвори вратата на ЕУ“, и дека „…поништувањето на договорот за добрососедските односи со првите комшии (Бугарите), ќе ја запре Европската интеграција…“.

Која врата Пендаровски, ќе се затворела? Мислиш на онаа пред која ти стоиш со одбор дружина и како џелат ни ја отвори за влез во Пеколот? Неа ја нарекуваш „врата на ЕУ“? Или, испланираната бугарска окупација на овој македонски простор и народ, каква што ни ја натураш нарекувајќи ја „европска интеграција“, ти го ворна уплавот, со позитивниот референдум дан се сопре? И и да го наруши молкот пред бугарската изјавена надеж „Македонија да се АНЕКТИРА, па Бугарија да стане…“ (од третото подолгото, м.з.).

Не ги преиначувај очебијните работи! Не го наведувај народот на неможното – да чекори кон европска интеграција нарамен со навредите и понижувањата, обезличувањето на името, историјата, културата, националната чест…. што ни ги приредуваат нашите „први комшии“, кои и со твое аминување и залагање засилено се случија и случуваат во Македонија, во кои, ти, заедно со други продадени како тебе, ги забранивте и не ги изговарате зборовите – Македонија и Македонци, македонско… па од народ и вековна нација со свое свето име и идентитет, во својата држава – Македонија, нѐ обезличивте и прогласивте за граѓани на Северџанија, и ништо повеќе – помалку? Со тоа – сѐ ни одзедовте!

Ти не можеш и не смееш да настапуваш од ќошот на твојот личен „ад хок – став“!? – како што рече. Ти, ако се сметаш за државник, ќе настапуваш во дослух со народот и неговиот неотуѓив идентитет и интегритет. Меѓутоа, ниту имаш аргументи да го браниш ТОЈ твој како што го нарекуваш став, ниту си кадарен да формираш, како што нагласи – „процес на размислување“. Ти си шупел! Затоа туѓите идеи и интереси ги прифаќаш, и затоа преземените предавнички дејствија ти ги пополнуваат умствените празнини.

Ти си таков, но народот те процени и ти вели тоа што ти вели… преку исвиркувањето на твоето присуство, пишувањата… без оглед што си продолжуваш по своето вербално беспатје и отворено антимакедонско делување – предавничко! Го плашиш народот со НАТО? Проклетник! И велиш дека не можеме да останеме негова членка, ако го поништиме Преспанскиот договор…? Невернику! На НАТО Македонија ѝ треба само како територија, како воена база го окупирала Криволак… и не се плаши – не си оди! Неа ако ја интересираше државата Македонија и македонскиот народ во неа, немаше во 2001 година да ги помага УЧК, со обука, воена опрема, униформи… и немаше да ги спасува… ниту нам да ни го наметне Охридскиот, под закана, меѓу другите и од убавецот Робертсон како претставник на окупаторската заштита на Македонија, кој пред кратко време нѐ почести, дома, поздравувајќи нѐ како Северномакедонци…

Е, еее! – Да си доветен нема да ни да го споменуваш, а не да ни се закануваш со НАТО кое ни го смени името на македонската држава и со рафал ја пресече, намерно, идентитетската самоопстојба на нас Македонците. Која е цената што ја плативме за влез во НАТО? И која е користа од неа? Освен дека ѝ станавме нејзин сервис за…

Затоа замолчи се!!! Не плукај врз самиот себе кога бугарскиот договор ваков каков што е, ни го прикажуваш како „билатерален и важен за добрососедските односи.“ Колку е тој добар, толку тебе добрина да те најде како благослов од народот… Зар тие и такви наметнати предуслови во „билатералниот“ кои се чисто фашистички и геноцидни за нас Македонците, за тебе „се клучни предуслови, и секогаш биле, за интеграција на државата во ЕУ…“!?

Ти не знаеш што зборуваш, а уште помалку што правиш. Тешко на нас народот со тебе…

Поврзани содржини