КОЧО АНЃУШЕВ НЕПОДОБЕН ЗА ВЛЕЗ ВО САД Стејт департментот го стави на црната листа

659

САД го означуваат Кочо Анѓушев, поранешен вицепремиер на Северна Македонија, како генерално неподобен за влез во Соединетите држави, поради неговата вмешаност во значителна корупција, соопштија денеска од американскиот Стејт департмент.

– Додека ја извршуваше функцијата вицепремиер, Анѓушев ја злоупотреби својата службена положба во корист на неговите приватни деловни интереси, поткопувајќи ја довербата на јавноста во Северна Македонија во нивните владини институции и јавни процеси, се наведува во соопштението објавено од Стејт департментот.






Денешната акција, се вели во соопштението, покажува дека САД стојат со оние во Северна Македонија кои бараат одговорност од корумпирани јавни функционери.

Поврзани содржини