КОЧО АНЃУШЕВ ГО ФИНАНСИРА ЗАВРШУВАЊЕТО НА ФРЕСКОЖИВОПИСОТ ВО „СВЕТИ КОНСТАНТИН И ЕЛЕНА“ Со нетрпение се очекува да блесне духовниот храм во срцето на Скопје

Со лична донација, како и преку поддршка од компаниите во негова сопственост, Анѓушев веќе втора година го финансира изработувањето на фреските и на целокупниот фрескоживопис во православниот христијански храм.

20,476

Македонскиот бизнисмен и поранешен вицепремиер, проф. д-р Кочо Анѓушев активно учествува во завршувањето на црквата „Свети Константин и Елена“, сместена во срцето на Скопје, на улицата Македонија.

Фрескоживопис во црквата „Свети Константин и Елена“

 






Со лична донација, како и преку поддршка од компаниите во негова сопственост, Анѓушев веќе втора година го финансира изработувањето на фреските и на целокупниот фрескоживопис во православниот христијански храм.

Ангажманот следува по јавниот повик од Македонската православна црква – Охридска Архиепископија, упатен пред две години, со кој се повикаа општествено одговорни личности да придонесат за довршување на овој значаен духовен и културен објект во центарот на главниот град.

Фрескоживопис во црквата „Свети Константин и Елена“

 

Ова не е прв пат Анѓушев да помага црковни проекти. Претходно учествуваше во изградбата на црквата „Свети Кирил и Методиј“ во Велес, каде исто така го финансираше фрескоживописот.

Поддршката на храмот „Свети Константин и Елена“ има и лична, семејна димензија, бидејќи имињата на светците на кои е посветен храмот ги носат самиот донатор и неговите внуци.

Црквата „Свети Константин и Елена“
Поврзани содржини