„КОЧИИТЕ НА ГИДЕОН“ ЌЕ ЈУРАТ НИЗ ГАЗА Израел го одобри планот за заземање на градот

Операцијата „Кочиите на Гидеон 2“ се смета за продолжение на „Кочиите на Гидеон 1“. За потребите на подготовката, армијата испратила околу 50.000 нови покани за резервисти, покрај веќе мобилизираните. Подготвени се и планови за евакуација на цивили од јужниот дел на градот, со цел изолација на борците на Хамас.

847

Израелскиот министер за одбрана Израел Кац денеска го одобри планот на израелската армија за преземање на градот Газа, наречен „Кочиите на Гидеон 2“. Планот му беше презентиран од началникот на Генералштабот, Ејал Замир, и од високото воено раководство.

На состанокот присуствуваа и заменик-началникот на Генералштабот, Тамир Јадај, раководителите на военото разузнавање, воените операции, координацијата на владини активности во териториите, како и претставници на службата за безбедност Шин Бет.






Операцијата се смета за продолжение на „Кочиите на Гидеон 1“. За потребите на подготовката, армијата испратила околу 50.000 нови покани за резервисти, покрај веќе мобилизираните. Подготвени се и планови за евакуација на цивили од јужниот дел на градот, со цел изолација на борците на Хамас.

– Оперативното планирање продолжува како и обично. Решени сме да ја спроведеме одлуката на кабинетот за преземање на градот Газа, освен ако не биде претставена рамка што предвидува ослободување на сите заложници и крај на војната под условите поставени од премиерот – изјави висок израелски функционер за „Вашингтон пост“.

Одобрувањето на планот доаѓа и покрај тоа што Хамас поддржа предлог за ослободување на 10 заложници во замена за двомесечно примирје. Израелските власти сигнализираа дека ќе одбијат бидејќи предлогот не се однесува на сите 50 заложници.

Поврзани содржини