КОЧАНЕЦ НАПАДНАЛ ПОЛИЦАЕЦ ВО ВИНИЦА Кај напаѓачот биле пронајдени сабји и муниција
Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот, во координација со јавен обвинител, против него ќе бидат поднесени соодветни пријави.
Вчера во 10.10 часот во Виница, полициски службеници од ОВР Виница го лишиле од слобода Б.В.(27) од Кочани, со живеалиште во Виница, затоа што физички го нападнал началникот на Надворешната канцеларија за криминалистички работи Виница додека извршувал службени дејствија, односно му врачувал покана за службен разговор.
Подоцна, со судска наредба, бил извршен претрес во домот на Б.В. во Виница, при што биле пронајдени и одземени околу 100 семки од растението канабис, две дробилки со остатоци од марихуана, куршуми различен калибар, три сабји, електрошок и други предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело.
Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот, во координација со јавен обвинител, против него ќе бидат поднесени соодветни пријави.