КОЧАНЧАНЕЦ СО ПИШТОЛ УДРИЛ ЖЕНА Полицијата во возилото на насилникот пронајде пиштол, лисици, куршуми

Подоцна, при претрес во неговиот дом и неговото возило „ауди“, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени пиштол калибар 7,65 мм, 25 куршуми калибар 7,65 мм и лисици за врзување.

238

38-годишен жител на Кочани е приведен откако вчера со пиштол удрил женско лице, а исто така бил агресивен во угостителски објект.

Како што пренесуваат од МВР, кочанчанецот се сомничи дека околу 12.30 часот во угостителски објект во Кочани се однесувал агресивно и со пиштол удрил едно женско лице.






Подоцна, при претрес во неговиот дом и неговото возило „ауди“, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени пиштол калибар 7,65 мм, 25 куршуми калибар 7,65 мм и лисици за врзување.

„Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава“, велат од МВР.

Поврзани содржини