Коцевски: Во Велес има проституција, МВР да реагира (ВИДЕО)

Беше изнесено дека дури има и проституција на јавен простор, што за мене беше вознемирувачка информација- истакна Коцевски.

802

Градоначалникот на Велес, Аце Коцевски, на денешната прес-конференција извести дека испратил барање до МВР да ги испита информациите дека во одредени делови од градот има проституција на јавен простор.

– Се сретнав со незадоволни граѓани кои што живаат во Чешелот. Тие реагираат на неподносливите услови за живеење во текот на ноќните часови кои ги предизвикуваат незадоволните коцкари кои ги користат машините во казината кои се наоѓаат во поранешната Стоковна куќа. Беше изнесено дека дури има и проституција на јавен простор, што за мене беше вознемирувачка информација- истакна Коцевски.






Поврзани содржини