КОЦЕВСКИ УШТЕ КРИЕ ДАЛИ СПАСОВСКИ ЈА СПАСИЛ ДИСКОТЕКАТА „ПУЛС“ ОД КАЗНАТА ОД 40.000 ЕВРА До кога ЈО ќе молчи и ќе ги штити ексфункционерите од СДСМ, прашува ВМРО-ДПМНЕ

„Доколку казната не е платена Спасовски итно треба да е повикан на одговорност и целата постапка да се истражи до крај. Доста е со калкулации, со заштита на моќниците блиски до СДСМ, потребно е конечно да се стави крај на политичките влијанија во судството, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

1,505

Јавното обвинителство и Љупчо Коцевски да не молчат и да кажат на јавноста дали дискотеката „Пулс“ во Кочани платила казна од 40.000 евра на УЈП или сепак, како што се тврди во телефонската комуникација што излезе во јавноста, Спасовски интервенирал за да се избегне плаќањето, повторно повика ВМРО-ДПМНЕ.

„Доколку казната не е платена Спасовски итно треба да е повикан на одговорност и целата постапка да се истражи до крај. Доста е со калкулации, со заштита на моќниците блиски до СДСМ, потребно е конечно да се стави крај на политичките влијанија во судството. Дали Спасовски ја спасил „Пулс“ од казна и која е неговата улога во аферата? До кога ќе молчи ЈО и Коцевски? Дали Љупчо Коцевски има задача да ги штити функционерите од СДСМ“, прашува ВМРО-ДПМНЕ.






Одговорност мора да има за секој кој е инволвиран во случајот со дискотеката „Пулс“, се додава во соопштението.

„Овој случај не смее дополнително да ја поткопа довербата во институциите и судството. Секој сомнеж мора да биде расчистен. Секој кој е вмешан во случајот треба да се санкционира. Да се стави крај на заштита на привилегираните функционери на СДСМ и на ДУИ. Време е за владеење на правото и правдата“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Поврзани содржини