КОЦЕВСКИ ГО ПОБАРАЛ ПРЕДМЕТОТ ЗА ПАЈАЗИТИ КОЈ ЈА ПРЕГАЗИ ТЕОДОРА „Предлогот на обвинителката за поблага казна не е задолжителен за Апелација“
Државниот обвинител Љупчо Коцевски го побарал предметот од гостиварското вишо обвинителство за да го разгледа во детали текот на постапката против Менсур Пајазити кој смртно ја прегази Теодора Ристовска во Тетово, објави Телма.
Според објавените пресуди обвинителството не се жалело на првичната триипол годишна казна која ја досудила сега пензионираната судијка Верка Костовска. Потоа вишата обвинителка Вјолца Елмази се премислила па на седницата во апелација во март лани го променила писмениот став и барањето да се одбие жалбата на Пајазити го сменила со предлог да му се изрече поблага кривична санкција. Од обвинителството велат одмерувањето на казната е во надлежност на судот.
„Пред Апелацискиот суд, јавната обвинителка од ВЈО Гостивар на рочиште дала свој предлог во однос на попрецизно одмерување на казната, имајќи ја предвид пред се околноста дека обвинетиот непосредно пред завршување на првостепената постапка признал вина, како и претходната пракса во слични предмети. Меѓутоа, предлогот на обвинителката не е задолжителен за тричлениот совет од судии во Апелацискиот суд. Тој предлог во ниту еден момент не се однесувал на намалување на казната за речиси половина од првостепената пресуда, како што досуди Апелација во својата одлука. Јавниот обвинител на Република Северна Македонија веќе даде насоки и ќе го прибави предметот од Вишото јавно обвинителство Гостивар за да го разгледа во детали текот на постапката“, информира Јавно обвинителство.
Обвинителството уште го чека писменото образложение на пресудата, а Судскиот совет оцени дека гостиварска апелација може да одлучи само во корист на обвинетиот или да ја потврди првостепената пресуда од две години затвор, а не и да ја зголеми.