Коцевски е жабецот Кермит, а тој нема да ви даде оставка, бидејќи Мапет шоуто во Јавното обвинителство мора да продолжи

Дами и господо од власта, сменете го час поскоро, за да не се случи утре некој од вас да мора да размислува за оставка.

5,275

Што е битно каква „кодирана порака“ добил државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски од пратениците на СДСМ на вчерашната седница на парламентот, на која му беше изгласана недоверба?

Демек, пораката била да не помислува да се повлече од функцијата…






Бре, се откри и Америка!

Зошто треба сега да се троши време и енергија, за да се „дешифрира“ кој бизнис клан или која политичка сила го одржува Коцевски на чело на Јавното обвинителство?

Па зарем тоа не е познато?!

Колку пати треба да се каже, за некој да се убеди, дека Коцевски е кукла во рацете на група обвинители од поранешното рекетарско Специјално јавно обвинителство на Катица Јаневa и на Зоран Заев?

Зарем не се гледа дека Јавното обвинителство е Мапет шоу?

Коцевски е жабецот Кермит.

И после сè – а особено после вчерашната седница на парламентот, на која Коцевски буквално ги понижи избраниците на народот, со своето отсуство од расправата за неговата одговорност – зарем уште има такви што очекуваат нешто од овој мапет?

Најдобро ќе било да поднел оставка, мудруваат некои.

Мало сутра, што би рекол Заев.

Љупчо Коцевски е жабецот Кермит и тој нема да ви поднесе оставка, дами и господо од власта.

Ќе си продолжи – како до сега.

Јасно ли е тоа?

Затоа, на првата наредна седница, час поскоро, Собранието треба да си го разреши овој човек и Јавното обвинителство конечно да престане да биде Мапет шоу.

Доколку тоа не се случи, предупредувам, може навистина да дојде време за оставки. Ама не за Љупчо Коцевски…

Ве молам, не ме терајте ова предупредување да го аргументирам во контекст на непријатностите со кои ќе се соочиме сите, а најмногу луѓето од извршната власт, ако некој не собере сили да ја разбие оваа група што ведри и облачи во Јавното обвинителство и во македонското правосудството.

Ете ви и од мене една „кодирана порака“, дами и господо пратеници, па сега обидете се да ја декодирате.

Или, подобро, не му ја думајте многу – итно експедирајте го жабецот во неговата смрдена бара, за да не се случи утре некој од вас да мора да размислува за оставка.

Поврзани содржини