КОЦЕВСКИ Е НЕПИСМЕН ЛАЖГО БЕЗ ГРАМ МОРАЛНИ ВРЕДНОСТИ Хајрулахи со остри зборови за државниот јавен обвинител во заминување

За мене беше необјасниво како еден таков профил на човек, неписмен и човек кој недоволно го познава македонскиот јазик, може да стигне до оваа позиција – вели поранешниот обвинител.

2,035

Поранешниот виш јавен обвинител Мустафа Хајрулахи, кој неодамна побара престанок на функцијата во Вишото јавно обвинителство, изнесе сериозни обвинувања за состојбите во Обвинителството, посочувајќи дека под раководството на Љупчо Коцевски предметите намерно се развлекуваат и се водат без јасна цел да се дојде до судска пресуда.

– Ете, Коцевски поднесе оставка – тоа е неговиот карактер. Тој е човек лажго, без ниту грам морални вредности. За мене беше необјасниво како еден таков профил на човек, неписмен и човек кој недоволно го познава македонскиот јазик, може да стаса до оваа позиција. Тој е склон кон секакви наредби дадени од политичките партии. Кога виде дека му се стеснува обрачот, поднесе оставка – изјави Хајрулахи за Мкд.мк.






Тој наведува дека барањето за престанок на функцијата го поднел по повеќе од една година суспензија која ја доби од Коцевски, и тоа, како што вели, под контрола и по налог од поранешните обвинители од СЈО.

Поврзани содржини