КОЦЕВСКИ ДА ИСТРАЖИ ДАЛИ „ПУЛС“ ЈА ПЛАТИЛ КАЗНАТА ОД 40.000 ЕВРА Ако не е платена, Оливер Спасовски под итно на распит, вели Андоновска
Љупчо Коцевски и ЈО предолг период молчат и го држат случајот во магла. Одговорност мора да има за секој еден кој бил замешан во случајот со работењето на дискотеката „Пулс“, вели Викторија Андовска од ВМРО-ДПМНЕ.
Љупчо Коцевски и Јавниот обвинител да истражат дали газдата на дискотеката „Пулс“ од Кочани ја платил казната од 40.000 евра на УЈП, за која неговиот син во телефонска кореспонденција вели дека Оливер Спасовски како министер на МВР ќе ургира да не ја платат, побара денеска Викторија Андовска од ВМРО-ДПМНЕ.
– Доколку дискотеката не ја платила казната, тогаш Оливер Спасовски под итно треба да биде повикан од Јавното обвинителство и да се истражи целиот случај. Љупчо Коцевски и ЈО предолг период молчат и го држат случајот во магла. Одговорност мора да има за секој еден кој бил замешан во случајот со работењето на дискотеката „Пулс“, а не да се води долг и неефективен процес, кој ќе резултира со пародија на системот – рече Андоновска.
Ако Љупчо Коцевски има цел да ги заштити високите претставници на СДСМ како тогашна власт и да ја унакази правдата, ВМРО-ДПМНЕ нема да го дозволи тоа, додаде таа.
– Секој поединечен сомнеж мора да биде истражен и обелоденет. Одговорност мора да има – рече Андоновска.