Коцерев: Моја лична е изјавата за затворање на Катедрата за македонски јазик

Претседсателот на МАНУ, како што изјави, се радува дека нема да се случи оваа институција да се затвори.

741

Сите досегашни изјави и текстови поврзани со укинувањето на Катедрата за македонски јазик се мои лични, изјави денеска претседателот на Македонската академија на науки и уметности (МАНУ) Љупчо Коцарев, откако група професори од Катедрата денеска во отворено писмо до јавноста информираа дека не се затвора Катедрата и дека се подготвени да ја пранат од институциите и поединците.

– Се радувам што на Филолошкиот факултет во Скопје „Блаже Конески“ не постои и никогаш не постоела идеја за укинување на катедрите за македонски јазик и македонска книжевност. Посакувам во идните реорганизации на факултетот, рамо до рамо со различните отсеци, секогаш да бидат вклучени и отсеците за македонски јазик и јужнословенските јазици и македонска книжевност и јужнословенски книжевности. Сите досегашни изјави и текстови поврзани со ова се мои лични изјави, со единствена цел, заедно и достоинствено да ја прославиме годината на Блаже Конески – изјави за телевизијата Телма Коцарев.

Поврзани содржини