Коби Брајант примен во „Куќата на славните“

Сопругата на починатата легенда на тимот Лос Анџелес Лејкерс, Ванеса, одржа емотивен говор, а беше испратена на сцената од уште една легенда од НБА лигата Мајкл Џордан.

239

Легендарниот американски кошаркар Коби Брајант, беше дел од листата на спортисти кои годинава влегоа во „Куќата на славните“. Покрај него оваа чест ја добија Тим Данкан, Кевин Гарнет, Руди Томјанович, Тамика Кечингс, Ким Мулки, Барбара Стивенс…

Сопругата на починатата легенда на тимот Лос Анџелес Лејкерс, Ванеса, одржа емотивен говор, а беше испратена на сцената од уште една легенда од НБА лигата Мајкл Џордан.






– Доколку мојот сопруг беше тука вечерва, тој би имал долг список на луѓе за да им се заблагодари кои му помогнале да влезе во „Куќата на славните“. Не сакам да ризикувам и да изоставам некого, можам само да кажам: „Благодарам!“. На сите што му помогнаа да стигне тука, знаете кој сте – кажа Ванеса.

По говорот, сите присутни на церемонијата станаа и почнаа да го извикуваат името на Коби Брајант. Сите останати членови на оваа класа кошаркарски легенди искористија дел од своето време на сцената за да се потсетат на кошаркарот кој ненадејно загина во хеликоптерска несреќа во Лос Анџелес.

Петкратниот НБА шампион со ЛА Лејкерси загина во хеликоптерска несреќа минатата година, заедно со својата најстара ќерка Џиана. Од тој момент, НБА светот ја користи секоја можност за да се потсети на неговата кариера и менталитетот кој му донесе вечна слава.

Поврзани содржини