КОАЛИЦИСКИТЕ ПАРТНЕРИ СО БАРАЊЕ Заев да им каже кој ќе биде мандатар и што е зборувано со Гаши

Не сме имале средба, ниту комуникација за овие теми. Ако е демократски изборот на нов претседател на СДСМ, однапред никој не би можел да прејудицира кој ќе победи, вели Горан Милевски од ЛДП.

4,832

Малите партии кои се дел од коалицијата предводена од СДСМ бараат од лидерот на партијата Зоран Заев да им ги соопшти деталите од средбата со Алтернатива, за што конкретно е разговарано и што му е понудено на Африм Гаши. Бараат и информација кој ќе биде нов лидер на партијата и мандатар на новата Влада, јави телевизија Телма.

– Засега не сме имале средба, можеби утре – изјавил претседателот на ДС, Павле Трајанов.






И од ЛДП велат дека немало средба ниту комуникација за ова прашање.

– Не сме имале средба, ниту комуникација за овие теми. Ако е демократски изборот на нов претседател на СДСМ, однапред никој не би можел да прејудицира кој ќе победи. Само овој пат се надевам дека ќе имаат повеќе од еден кандидат за лидерската функција – изјавил Горан Милевски од ЛДП за Телма.

Поврзани содржини