Коалициите „Обнова на Македонија“ и „Можеме“ денеска во скопските општини

Дел од партиите денеска ќе имаат само прес-конференции.

611

На четири дена пред изборите партиските коалиции се обидуваат да привлечат поголемо внимание на граѓаните да излезат и да гласаат за нивните програми.

Коалицијата „Обнова на Македонија“ денеска ќе има собири со граѓаните во скопските општини Чаир, Аеродром и Гази Баба каде што ќе присуствува и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.






– Носителката на листата во ИЕ 1, Гордана Силјановска Давкова, ќе оствари средба со граѓаните во општина Аеродром, а ќе присуствува и на промоција на книга на платото пред МКЦ.

– Носителот на ИЕ 2, Владо Мисајловски ќе оствари средба со граѓаните на општините Чаир и Гази Баба.

– Носителот на ИЕ 3, Игор Јанушев ќе оствари средба со жителите на с. Ногаевци општина Градско.

– Носителот на ИЕ 6, Дафина Стојаноска ќе даде изјава за медиуми пред Домот на култура во општина Гостивар.

Караванот на коалицијата „Можеме“ ќе ги посети општина Шуто Оризари  и Демир Хисар.

– Носителот на листата во  во ИЕ 3, Љупчо Николовски денеска ќе има средби со граѓани во Кочани.

Коалицијата ,,Сега е Време” – Алијанса за Албанците и Алтернатива ќе одржи конференција пред Нотарска-канцеларија на Насер Зибери на улица Џон Кенеди во Скопје.

Прес-конференција на кејот на Вардар ќе одржи и Твоја партија.

Карванот на коалицијата „Никогаш северна, само Македонија“ ќе направи обиколка на скопските општини во склоп на ИЕ 1 и 2. Носителите на листи од ИЕ 1 и 2,  Јове Кекеновски и Билјана Џинго на влезот, пред пазарчето во Општината Горче Петров .Потоа ќе направат посета на граѓаните во општина Центар – Дебар маало и Буњаковец, а ќе продолжи и низ другите скопски населби во општините Гази Баба, Бутел, Карпош и Центар.

Поврзани содржини