КОАЛИЦИЈАТА „ВРЕДИ“ ЌЕ БИДЕ ДЕЛ ОД НОВАТА ВЛАДА Биљал Касами ја потврди најавата како реална

Ќе има европска влада, влада во која коалицијата „Вреди“ веќе е најавено дека ќе биде дел. Во таа влада, се разбира, кажавме и кажуваме дека го гарантираме интегрирањето на земјата во ЕУ и унапредувањето на правата на Албанците, истакна лидерот на Движењето Беса, Биљал Касами.

895

Како што веќе е најавено, коалиција „Вреди“ ќе биде дел од наредната влада, изјави Биљал Касами, претседателот на Движењето Беса, кое е дел од албанската опозициска коалиција „Вреди“, пренесува Република.

На настанот во Тетово, Касами посочи дека во таа влада, па дури и со ВМРО-ДПМНЕ, полесно ќе се изгласат уставните измени.






– Ќе има европска влада, влада во која коалицијата „Вреди“ веќе е најавено дека ќе биде дел. Во таа влада, се разбира, кажавме и кажуваме дека го гарантираме интегрирањето на земјата во ЕУ и унапредувањето на правата на Албанците. И претходно имаме кажано дека во таква влада ќе биде многу полесно, дури и ако ВМРО-ДПМНЕ е во таа влада или која било политичка партија, треба да се изгласат уставните измени. Затоа, кога велиме дека ќе се изгласат уставните измени и ќе се изгласат. Ние не сме како ДУИ која за 10 години коалицинирање со ВМРО-ДПМНЕ не направи ниту најмал чекор кон интеграција во Европската Унија – рече тој.

Поврзани содржини