КОАЛИЦИЈАТА СИ КАЖА ЗА КИЧЕВО, БИЉАЛ КАСАМИ СЕ ФОКУСИРА НА ТЕТОВО „Ќе бидам градоначалник на сите граѓани“
Коалицијата Вреди денеска со соопштение се огради од подршката што Касами ја даде за кандидатот на ДУИ за градоначалник на Кичево, Фатмир Дехари за вториот круг.
Биљал Касами, кандидат на коалицијата Вреди за градоначалник на Тетово, повеќе не сака да зборува за Кичево и се фокусира на поддршката што треба да ја добие од сограѓаните во Тетово на вториот круг од изборите.
За сите други прашања, рече тој, коалицијата Вреди веќе се изјасни.
Коалицијата Вреди денеска со соопштение се огради од подршката што Касами ја даде за кандидатот на ДУИ за градоначалник на Кичево, Фатмир Дехари за вториот круг.
До тоа дојде откако премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски изрази разочарување од однесување на коалицијата и од непочитувањето на поддршката што ја доби од ВМРО-ДПМНЕ во некоку општини во Македонија во првиот круг од локалните избори.
– За мене важни се граѓаните и во следниот период ќе работам за сите граѓани во општина Тетово, ќе бидам градоначалник на сите, без разлика на политичката, етничката и верската припадност – рече Касами.
Тој додаде дека и во претходниот мандат бил градоначалник на сите граѓани, без разлика на политичката, етничката и верската припадност.