Коалицијата „Обнова за Македонија денеска ќе биде во Струмица и Радовиш, а „Можеме“ во Гостивар и Велес

368

Политичките партии и денеска ја прдолжуваат кампањата за предвремените парламентарни избори. На трибини и мини митинзи ќе се обратат носителите на кандидатските листи и лидерите на партиите како и дел од кандидатите за пратеници.

Коалицијата „Обнова на Македонија“ денеска ќе има средби со граѓани во Струмица, Радовиш, Гостивар и дел од населените места во Скопје.






Лидерот на  ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски ќе ја посети Општина Конче во 17:00 часот, Општина Радовиш во 18:30 часот, Општина Струмица во 20:30 часот.

Носителката  на  листата во ИЕ 1, проф. д-р. Гордана Силјановска Давкова во 13:00 часот ќе даде изјава на Боемска улица.Во 20:00 часот предвидено е Трибина позади Филхармонија.

Носителот на ИЕ 2, Владо Мисајловски, во 12:00 часот Блага Вода населено место Стопански двор, Волково.

Носителката на листата во ИЕ 6, Дафина Стојаноска, во Гостивар 13:00 часот ќе оствари средба со турчинки во Качамаку и УЖ, по завршување на средбата предвидена е изјава за медиуми.Во 18:00 часот ќе ја посети МК Циглана и ќе оствари средба со граѓани.

Коалицијата „Можеме“ денеска ќе биде во Велес, Гостивар

Во Велес оваа коалиција  ќе одржи трибина во 19. 00 часот, додека во  ќе има средби со граѓани и во Желино, Чегране и Врапчиште.

Носителот на листата на ДУИ во ИЕ 1, Изет Меџити  ќе одржи прес-конференција на плоштад Скендербег во Скопје во 11.00 часот.

 

Поврзани содржини