КОАЛИЦИЈАТА НА ВОЛНИТЕ САКА УШТЕ ПОЈАКИ САНКЦИИ ЗА ПУТИН Лидерите во Париз се сложиле дека не треба да се попушта

Учесниците на самитот беа цврсто обединети во ставот дека сега не треба да се попушта или да се укинуваат досегашните санкции, нагласи британскиот премиер Кир Стармер велејќи дека „напротив, сега е време да ги зајакнеме санкциите против Русија“.

354

Британскиот премиер Кир Стармер изјави дека напредокот на „коалицијата на волните“ за поддршка на Украина е очигледен преку растечката политичка волја, зголемувањето на бројот на учесници и ентузијазмот за заедничка акција.

– Јасно е дека има политички напредок во однос на динамикатa – истакна тој, по завршувањето на Самитот во Париз.






Стармер предупреди дека рускиот претседател Владимир Путин повторно се враќа на старите методи на дејствување и дека е неопходно зголемување на економскиот притисок врз Москва.

– Учесниците на самитот беа цврсто обединети во ставот дека сега не треба да се попушта или да се укинуваат досегашните санкции – нагласи тој.

Британскиот премиер заклучи дека „напротив, сега е време да ги зајакнеме санкциите против Русија“.

Поврзани содржини