📽️ „КОЈ ВО ЈУГОСЛАВИЈА ГО НАПАДНА НАТО“? Такер Карлсон го постави прашањето што го замолкна Пирс Морган

Водителот Морган тврдеше дека НАТО е „исклучиво одбранбен сојуз кој никогаш не дејствувал агресивно или офанзивно“. Неговата изјава веднаш предизвика бурна реакција од Карлсон.

1,281

Американскиот новинар Такер Карлсон во својот подкаст беше домаќин на британскиот водител Пирс Морган, а разговорот меѓу двајцата ескалираше во жестока дебата околу улогата на НАТО и неговото делување низ историјата.

Морган тврдеше дека НАТО е „исклучиво одбранбен сојуз кој никогаш не дејствувал агресивно или офанзивно“. Неговата изјава веднаш предизвика бурна реакција од Карлсон, кој зачудено го праша:






„Дали некогаш сте чуле за бомбардирањето на Југославија?“

Во обид да го одбрани својот став, Морган повторно потенцираше дека НАТО секогаш делувал дефанзивно. Но, Карлсон не се откажа:

„Навистина? Дали Косово беше создадено на одбранбен начин? Кој беше агресорот таму?“

Дискусијата продолжи со уште едно провокативно прашање од Карлсон:

„Кој во Југославија го нападна НАТО?“

Овој пат, Морган остана без конкретен одговор, што уште повеќе ја засили напнатоста во студиото.

Поврзани содржини