КОЈ ТРЕБАЛО ДА ПОТПИШЕ – ПЕТРЕ ИЛИ ДАНЕЛА? Вработените во скопските јавни претпријатија ќе почекаат на платите

Извор на порталот Фактор тврди дека Шилегов градот го оставил во хаос и не ставил потпис кога требало. Шилегов одговара – Арсовска е градоначалничка од понеделникот, пари на сметката има, нека подели плати и нека не се вади за неприсуството на доделувањето на наградата „13 Ноември“.

3,481

Петре Шилегов си заминал од функцијата градоначалник на Град Скопје без да ги потпише решенијата за субвенционирање на платите во градските јавни претпријатија, брифираат извори на порталот Фактор од градската администрација.

Евтин спин со кој градоначалничката Данела Арсовска сака да го покрие големиот протоколарен скандал, неприсуството на доделувањето на наградата „13 Ноември“. Со овие зборови Шилегов го оценува лиферувањето на оваа вест.






Шилегов го оставил градот во хаос, а вработените во јавните претпријатија под Град Скопје без плати, обвинуваат изворите на Фактор.

Претходниот градоначалник на Град Скопје си заминал од функцијата оставајќи го градот без да ги заврши постапките за субвенции за плата за вработените во јавните прретпријатија што се под Град Скопје, а истите јавни претпријатија поради лошо менаџирање, за само четири години ги направил загубари, тврдат тие.

Шилегов го напуштил градоначалничкиот кабинет на 8 ноември, додека Арсовска отпочнала процедура за упис во Централниот регистар и засега не може административно да постапува.

„Налозите не биле потпишани ни испратени, иако тој имаше 8 дена да го стори тоа, за да може да бидат платени придонесите за сите вработени и да биде исплатена платата. Дали со ова Шилегов свесно креирал криза за вработените во јавните претпријатија, но и за градот?“, прашуваат изворите на кои се повикува Фактор.

Шилегов е категоричен:

– Од понеделникот Арсовска ја презеде функцијата со полн капацитет. На сметката има 11 милиони евра. Требала да депонира потпис и да ја заврши работата. Оваа вест е лиферувана само за да се покрие големиот скандал. Прв пат градоначалник на Скопје не ја доделува најзначајната награда на Градот. Вакво нешто е несфатливо!

Во меѓувреме, стотици вработени од јавните претпријатија под надлежност на Градот, нема навреме да земат плати. Најкритични кои зависат од субвенции од градот, се ЈП Улици и патишта и ЈСП Скопје.

Поврзани содржини