КАЈ ПОЛИЦАЕЦ НАЈДЕНА ПРАШКАТА МАТЕРИЈА – На 26 јули во 23.50 часот на улицата Џон Кенеди, од полициски службеници од СВР Скопје бил лишен од слобода В.Т.(39) од Скопје, бидејќи при извршен преглед кај него била пронајдена прашкаста материја.
УАПСЕН СО МАРИХУАНА – На 26 јули во 21.30 часот во паркот „Ѓорче Петров“, од полициски службеници од СВР Скопје бил лишен од слобода А.М.(21) од Скопје, бидејќи при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана.
ФАТЕН И СО „ПРАШОК“ И СО МАРИХУАНА – На 27 јули во 01.30 часот на улица Ловќенска, од полициски службеници од СВР Скопје бил лишен од слобода В.С.(37) од Скопје, бидејќи при извршен преглед кај него биле пронајдени марихуана и прашкаста материја.
СО ТРАКТОР ПРЕВЕЗУВАЛ МИГРАНТИ – На 26 јули во 19.30 часот во Кавадарци, кај новата крстосница кај Градските гробишта, полициски службеници го лишиле од слобода Р.К.(58) од Кавадарци, поради тоа што во трактор „имт“, со велешки регистарски ознаки, биле пронајдени три лица мигранти, сите од Авганистан. Возачот Р.К. бил приведен во полициска станица, додека мигрантите се сместени во Прифатниот транзитен центар „Винојуг“ во Гевгелија за понатамошна постапка.
НЕЕКСПЛОДИРАНИ ГРАНАТИ ВО ОВОШТАРНИК – На 26 јули во 09.23 часот во СВР Битола, Д.Р.(35) од Прилеп пријавил дека во овоштарник на улицата Димче Антулевски забележал неексплодирани гранати. Од пиротехничар од Дирекција за заштита и спасување Прилеп биле подигнати две артилериски гранати од Прва светска војна за понатамошна постапка.
ГО ФАТИЛЕ СО МАРИХУАНА, САКАЛ ДА ГИ НАПАДНЕ ПОЛИЦАЈЦИТЕ – На 26 јули во 17.25 часот на улицата Ѓорче Петров во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода Р.В., поради тоа што при преглед кај него била пронајдена марихуана. Притоа, тој се однесувал агресивно и се обидел физички да ги нападне полициските службеници.
СЕ СУДРИЛЕ ДВЕ ВОЗИЛА ОД СТУДЕНИЧАНИ – На 26 јули во 10.30 часот, на крстосница од улиците Јустинијан Први и Славка Динкова“ во Скопј,е се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „фолксваген шаран“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Р.И.(46) од с.Студеничани и патничко возило „фолскваген голф“, со скопски регистарски ознаки, управувано од А.М.(30) од с.Студеничани. Во незгодата, со повреди се здобиле возачот А.М. и шестгодишник, додека А.А.(30) од с.Студеничани се здобила со тешки телесни повреди, и двајцата сопатници во возилото „фолскваген голф“. Повредите се констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“, каде што повредените биле пренесени за укажување на лекарска помош.
(Дел од Билтенот на МВР)