КОЈ САКА ДА ГО РАЗНЕСЕ НУКЛЕАРНИОТ РЕАКТОР ВО ХАРКОВ? Москва обвинува, Киев се брани

Ова е трет случај нуклеарна централа да биде запленета од руските сили, по Чернобил и централата во Запорожје, што предизвика загриженост низ целиот свет.

754

Украинскиот баталјон Азов заедно со украинската домашна безбедносна служба, СБУ, наводно, поставиле експлозив на мал нуклеарен реактор на Институтот за физика и технологија во градот Харков, со цел да го разнесат, а потоа да ги обвинат Русите, пишува РИА Новости.

 






„СБУ и милитантите на баталјонот Азов планираат да го разнесат реакторот и да ги обвинат руските вооружени сили за наводен ракетен напад врз експерименталниот нуклеарен објект“, се вели во соопштението на Министерството, во кое се предупредува на ризик од радиоактивна контаминација во областа доколку се случи таков инцидент „под лажно знаме“.

Од другата страна, украинското Министерство за внатрешни работи  веќе обвини дека најмалку една руска граната го погодила Институтот во кој е сместен нуклеарниот реактор со „37 елементи на нуклеарно гориво во неговата активна зона“.

Во својата објава на Фејсбук, службата за безбедност сподели и неколку видеа од, како што тврди, гранати од повеќекратниот ракетен фрлач Град, кои го погодуваат периметарот и оштетуваат една страна на зградата.

Ова е трет случај нуклеарна централа да биде запленета од руските сили, по Чернобил и централата во Запорожје, што предизвика загриженост низ целиот свет. Додека Меѓународната агенција за атмоска енергија предлага да се одржи состанок со експерти околу ситуацијата во овие централи, рускиот претседател Владимир Путин рече дека состанокот би било подобро да се одржи „преу видеоконференција или во трета земја“.

Во меѓувреме, руските сили во заложништво ги држат научниците и персоналот во нуклеарките, притоа одржувајќи ја „физичката и нуклеарната безбедност“.

Поврзани содржини