📽️ КОЈ ПРВ, А КОЈ ПОСЛЕДЕН ЌЕ ЈА ДОЧЕКА НОВАТА ГОДИНА? Жителите на овие острови последни ќе ја испратат 2025
Новата година први ќе ја пречекаат жителите на пацифичката островска држава Кирибати (во 11 часот по македонско време), а во 2026-та последни ќе влезат островите од архипелагот Американска Самоа и островите Бејкер и Хауленд (1 јануари во 13 часот по македонско време).
Новата година „патува“ цели 26 часа од првото до последното место на Земјата. Милиони луѓе во светот на плоштадите во своите градови, онаму кајшто се слави, некои во туристичките центри, во кафеани, ресторани, пабови или во семејна атмосфера во домовите ќе ја испратат 2025 и ќе ја пречекаат Новата 2026 година.
Анимација на социјалните мрежи покажува кој прв, а кој последен ќе ја дочека на планетата. Први ќе слават жителите на пацифичката островска држава Кирибати (во 11 часот по македонско време), а во 2026-та последни ќе влезат островите од архипелагот Американска Самоа и островите Бејкер и Хауленд (1 јануари во 13 часот по македонско време).
Kiribati Island First to celebrate the New Year 2026 #Happynewyear #2026 Celebration to Kiribati as other countries in the world catches up to celebrate The New Year 🎊 🎊🕺💃
I TOLD THEM
Man U Academy
Verse of the day
DO NOT#FundsRecovery pic.twitter.com/QQ4Y18av3s— Brass ENt ✴️🔸🔶 (@jakeOttario) December 31, 2025
Забави за пречек на Новата година ќе бидат организирани во Скопје и во другите градови низ земјава. Музичката програма во главниот град вечер ќе биде со македонски изведувачи.
Празничната програма „Новогодишна зимска бајка“ во Скопје, денеска ќе трае цел ден, а ќе кулминира вечер на плоштадот „Македонија“.
– Програмата започнува во 19:45 часот со моќниот вокал на Миле Кузмановски, а продолжува со Огнен Здравковски. Следуваат Дина Јашари, легендарните Куку Леле и неповторливата Тамара Тодевска. Кулминацијата ја носат милениците на младата публика Пајак, Лара и Два Бона, додека магичниот момент на пречекот на Новата година ќе го одбележи настапот на Каролина Гочевa – најави Ѓорѓиевски во поканата за прослава на новогодишната ноќ во Скопје.