КОЈ ПРОТЕЧЕ ИНФОРМАЦИИ ЗА ПИЛОТИТЕ ВО ИРАН?! Трамп бесен на медиумите, вели дека ја загрозиле мисијата

Шефот на САД оцени дека протекувањата на информации во медиумите за спасувањето на двајцата американски пилоти во Иран ги довеле во опасност целата операција и животите на војниците на терен.

277

Претседателот на САД Доналд Трамп жестоко ги нападна американските медиуми поради објавувањето информации за спасувањето на американските пилоти катапултирани во Иран, заканувајќи се со затвор за новинарите што нема да ги откријат изворите. За време на викендот САД успеа да спаси дваја пилоти од воен авион Ф-15 кој претходно беше соборен од иранските сили.

Шефот на САД оцени дека протекувањата на информации ја довеле во опасност целата операција и животите на војниците на терен.






– Ќе одиме до медиумот што ја објави и ќе кажеме: „Национална безбедност, откријте го вашиот извор или ќе одите во затвор“. Ја доведоа оваа мисија во голем ризик – додаде тој.

Изјавите доаѓаат во контекст на неговите долгогодишни судири со медиумите, кои често ги нарекува „лажни вести“.

Директорот на ЦИА Џон Ратклиф откри дека спасувањето на вториот американски пилот од соборениот Ф-15 било сложена операција.

– Клучно беше што побрзо да го лоцираме пилотот и непријателот да го држиме во незнаење – изјави Ратклиф.

Тој додаде дека била спроведена кампања на измама за да се збунат иранските сили.

– Иранците беа засрамени и на крајот понижени – истакна директорот на ЦИА.

Во акцијата за викендот беа спасени двајца американски пилоти кои се катапултирале од авионот. Западни медиуми јавија дека имало размена на оган меѓу САД и Иран.

Од иранска страна, пак, тврдат дека американската војска изгубила неколку летала.

Во меѓувреме, дел од американските медиуми ја одложиле објавата за спасувачката мисија додека таа сè уште траела. Целта била да не се загрози операцијата, која на крај завршила успешно.

ИРАН ТВРДИ ДЕКА САД ИЗГУБИЛЕ НЕКОЛКУ ЛЕТАЛА ВО АКЦИЈАТА ЗА СПАСУВАЊЕ НА ВТОРИОТ ПИЛОТ Наводно, соборен бил транспортен авион, a два хеликоптери биле во пламен

 

Поврзани содржини