Кој по вторпат (ќе) го пали огнот, или: што би било кога би било?

Оваа „пајтон интелигенција“, ако веќе сака да биде конструктивна, наместо планови за нов „мек“ државен удар ќе мора да почне да поставува вистински прашања. Особено за своите газди и нивното време, без оглед колку тоа би било болно. А меѓу тие прашања, секако, се и оние тврдења што ги посочи екс-директорот на Државниот пазарен инспекторат Стојко Пауновски – можеби единствената светла точка на сдсм сектата во изминатите десетина години – за синџирот на корупцијата во кочанската трагедија во изминатите осум години.

594

Кога мирните собири, особено на студентите, во почит на трагично загинатите во пожарот во Кочани некој се обидува да ги претвори во политички; кога дел од новинарите, а особено нивни здруженија, држат неморални лекции за некакви човекови права на слободно движење; кога претставниците на „пајтон интелигенцијата“ со сета сила се обидуваат да ја превеслаат јавноста жедна преку вода со инсистирањето на емпатијата но и мултиплицирањето на одговорноста со нејзиното претставување како колективна…, и кога врз сето претходно започнува познатиот „етнички ораториум“ за „префрлање на вината“… тогаш е повеќе од јасно дека нештата во истрагата се движат во вистинската насока, која и да е таа.

А кога згора на сето ова започнува и поединечното етикетирање на семејствата на актуелни функционери за некакви застарени „долгови“, вадење на валканиот „веш“ којшто нема ама баш никаква врска со трагедијата во Кочани…, значи дека паниката полека зема замав. Цела „опозициска“ Македонија смрди на страв и пот, клецаат колена и се грицкаат нокти проверувајќи ги дневно сите медиуми и социјални мрежи случајно да не им се појавило името во врска со некоја од бившите трагедии, махинации, криминални операции…






Одеднаш ни Трамп, а уште помалку Украина, веќе не им се интересни кога станува збор за спасувањето на сопствениот задник. А кај нас, денес, веќе за тоа станува збор. А така и треба да биде зашто седумте години општ грабеж, самоволно дерогирање на законите, непостапување односно премолчување на криминалот и корупцијата… не смее туку-така да помине.

Да, знам дека во такви хаотични ситуации се раѓаат и многу теории на заговор, се посочуваат лица подготвени на сѐ и сешто само да спасат жива глава, но не сум многу сигурен во нивната сериозна улога и значење во овие процеси. Па тие, да простите, не умеат самите ни задникот да си го избришат, не пак да организираат односно оркестрираат некаков бунт или не-знам-што контра операциите на власта. Откако Трамп решително ја исече главната глава на корупциската хидра викана usaid (малите букви се…), нашиве лиглиња остануваат без основниот спонзор. Или мислат дека оној Сорос ќе арчи свои пари баш за нив?

Иако некои велат дека нашиве „револуционерни“ шалабајзери сепак ќе се обидат во својата намера да потпалуваат немири и да ја прелеваат српската слика и во Македонија. Којзнае, нивната глупост не е мала, парите полека се трошат а нови приливи нема. Но, белки државата во меѓувреме научи нешто и знае како треба да одговори?

Се разбира, ваквите пост-трауматски ситуации се „дар од бога“ за локалнава приглупа „пајтон интелигенција“ да се размавта во ширењето лажни сценарија, поттикнувањето револт против актуелната власт и слични глупости, па дури и да филозофира дали тоа студентите и граѓаните протестираат или само „се собираат“. Што пак сака да рече дека „собирањето“ е само некаква форма на „студентска игранка“, не е така опасно или вперано контра некого и нешто туку подразбира само солидаризирање со семејствата на загинатите и барање правда, но не и протест. Што е пак целосно спротивно на македонскиот Хелсиншки комитет кој гордо објавува дека „ќе ги мониторира протестите“ (sic!). Иако претходно вели дека „правото на мирен собир во Северна Македонија е уставно загарантирано право и е основно човеково право“.

Што пак нѐ враќа шест-седум години назад до прашањето: сакаат ли овие студенти денес, сосе Хелсиншкиот хомитет, да ни кажат дека сега се разбудиле од повеќегодишниот зимски сон и одеднаш виделе „корупција и системски неправилности и неправди во општеството“? Ги преспаа и оние автобуски несреќи, и онаа модуларна болница, и оние зборови на екс-премиерот „Па што, треба ли сега и ние да се полиеме со бензин и самозапалиме“? Па така, уште нерасонети, решиле да се „собираат“ против тоа, баш денес, низ формата на мирни собиранки?

Иако тие „собиранки“ баш и не личат на така наивни, особено кога ги читате паролите што тук-таму некој ги поттура во првите редови или ги извикува. Кој – не знаеме, зошто – уште помалку знаеме…! Знаат ли барем тие? И дали се тоа оние самопрогласени „народни трибуни“ платени – од кого? – да ги „просветлуваат“ широките народни маси, да му ги објаснат сите пропуштени возови иако тие, во нивното време, пропуштаа цели споровозни композиции но никако не забораваа на вагоните со парите на американските даночни обврзници, или оние „професионалци“ кои ни ги објаснуваат „бесмислените наративи“ заборавајќи единствено да проговорат за вината на нивните газди во изминативе осум години?

Но, сето ова толку многу наликува на онаа „Македонија низ вековите“ – или барем последните два века – кога секакви и сечии интереси биле поважни од националните, кога историските вистини биле растегливи како дефинирањето на денешниве собиранки, или протести или како веќе ќе ги наречеме. Или како што денес она „наши“ и „ваши“ немало „смисла и резон“, така немало причина да се расправа ни за тоа кој е Македонец а кој Бугарин, Грк, Србин… итн., вклучувајќи ги тука и оние, демек „по малку заборавените: ’шарени’, ’соросоиди’, ’странски агенти’, ’платеници’ и слични етикети“ како што имало фанариоти, бугарофили и србофили итн. И зошто по ѓаволите луѓево мислат дека ние сето тоа – па и она вчера – сме го заборавиле?!

Но, ако првиот дел од насловот, оној за повторното палење на огнот станува многу појасен, должен сум да го објаснам вториот дел, оној „што би било кога би било“. Со тоа, пред сѐ, мислам на тезата дека кај нас некои можат, ако запнат, и да ја прелеат српската ситуација во некаков минорен облик – како што впрочем видовме сношти! – иако тоа де факто е нонсенс зашто двете состојби немаат ама баш никакви допирни точки. Освен една, се разбира, а таа е трагична, но со различна историја на одговорноста. Ако сакаат да ја поистоветуваат, ќе морат да си ги денунцираат газдите! Или навистина мислат дека овде граѓаните се толку глупави, речиси како нив?

И второ: дури и сите коцкички да умеат да ги подредат како што треба – а не умеат, неспособни се – ја немаат меѓународната поддршка што ја добија оние идиоти од сдсм (малите букви се…) за да ја киднапираат „Шарената револуција“, кои потоа така лесно го продадоа народниот гнев. Сега таа еу има свои проблеми и ние не ја интересираме, а usaid е – капут. Што ќе рече: нема пари, нема поддршка, нема ветувања, нема однапред договорени фотелји…! А нема богами ни народ! Зашто, сепак, овој, па ни некој друг народ, не е така глупав двапати да наседнува на исти игри. Или мислат дека и актуелната власт е така наивна, да не речам глупава, па повторно да се фати на јадицата на широки коалиции и од власта да прави куплерај со неспособни „опозиционери“?

Затоа, оваа „пајтон интелигенција“, ако веќе сака да биде конструктивна, наместо планови за нов „мек“ државен удар ќе мора да почне да поставува вистински прашања. Особено за своите газди и нивното време, без оглед колку тоа би било болно. А меѓу тие прашања, секако, се и оние тврдења што ги посочи екс-директорот на Државниот пазарен инспекторат Стојко Пауновски – можеби единствената светла точка на сдсм сектата во изминатите десетина години – за синџирот на корупцијата во кочанската трагедија во изминатите осум години.

А на нив да ги надоврзе и, на пример, прашањата: зошто во Подрачното одделение на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) во Кочани од 2012 година немало нспектор за заштита од пожариа, па треба да го прашаат нивниот фаворит Филипче зошто не го реактивирал Центарот за изгореници, а спомнувајќи го него да ги прашаат студентите дали во времето на трагедијата со модуларната болница во Тетово вака се „организираа“ и бараа политичка и морална одговорност наместо линч на дежурниот лекар и директорот на болницата… итн., итн.?

Дури тогаш, после одговорите на тие прашања, ќе знаат каде, и кому, да ги упатат извиците „убијци“, „уа профитери“ и „ние сме системот“!

Извор: Теодосиевски уметност

Поврзани содржини