КО НЕМАТ ПЛАШИЦИ, ЌЕ ЈАЈТЕ ЈАСТОЗИ Шеф Влатко го донесе „морето“ на езеро

Наместо во плашици и пастрмки, од пред неколку дена (16.08), па сѐ до 15.септември, во Канео, токму покрај „македонското море“ познато како Охридско Езеро, можете да уживате во јастози. Можеби звучи малку нелогично, ама па и на море сигурно не јадете само морска храна, туку уживате и во свинско и телешко, нели? Патем, јастозите ги приготвува еден од најдобрите, шеф Влатко Огненовски.

776

Не сум била одамна во лето во Охрид без работни обврски па кога деновиве се најдов таму, шетајќи со мојата другарка накај Канео, се сетивме на плашиците што редовно ги јадевме во некогашните мали ресторанчиња покрај езерото. Иако е сѐ изменето, па дури и место без резервација или „врски“ тешко се наоѓа, сепак не ни помисливме дека нема да има плашици. Ни се скрши меракот кога слушнавме дека не служат плашици, а ни се скрши и сликата од нас двете како си грицкаме убаво испржени плашици, си пијуцкаме чаша бело винце и си „блееме“ во езерото.

Арно ама, таму го сретнавме нашиот добар пријател шеф Влатко Огненовски кој во свој стил веќе ги обиколуваше масите и им посветуваше внимание на сите гости во ресторанот, па дури и на оние кои само дошле да ѕирнат што има на менито.






„Жалам ама има забрана за лов на плашици!“, ни рече Влатко и додека ние го гледавме онака разочарани, нѐ разоружа со својата шеретска насмевка и ни го стави пред нос послужавникот со јастози.

Целиот текст прочитајте го на порталот „Арт кујна“.

Поврзани содржини