КОЈ МУ СЕ ЗАКАНУВАЛ НА ИБИН ЕМШИУ Мицкоски прашува зошто се кријат околностите за пожарот

ВМРО-ДПМНЕ бара итни оставки од Хасани, Филипче и Заев за, како што вели Мицкоски, да не влијаат на истрагата.

466

Кој му се заканувал на тетовецот Ибин Емшиу да не сведочи за фрапантната вистина, за мувлосаниот и скапан здравствен систем кој доведе до катастрофа во тетовската ковид болница, прашува денеска лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

„Сведоштво дека во изгорениот ковид центар во Тетово, наспроти тврдењата за бесплатното здравство на Заев и Филипче се барале пари за нега на пациент. Но она што е вистинска катастрофа се заканите по живот кон Ибин Емшиу да не сведочи за фрапантната вистина, за мувлосаниот и скапан здравствен систем кој доведе до катастрофа. Прашањето е кој се заканувал? Кој сака на овој начин да се убие вистината и кому тоа му одговара?“, пршува Мицкоски.






ВМРО-ДПМНЕ бара итни оставки од Хасани, Филипче и Заев за, како што вели Мицкоски, да не влијаат на истрагата.

„Луѓе од крв и месо? Не би рекол, само алчни за фотелји и тендери“, додава Мицкоски.

Поврзани содржини