Српскиот политичар Чедо Јовановиќ вечерва на Инстаграм објави видео на кое се гледа дека раката му е ставена во гипс, а тој цело време плаче и објаснува што се случило, пренесуваат српските медиуми.
Јовановиќ тврди дека е претепан, но не открива кој го сторил тоа.
– Сè е во ред. Само ми ја скршивте раката, колку малку во споредба со сè што сум подготвен да дадам – вели Јовановиќ на снимката.