Кој може да се пријави за субвенциониран студентски оброк?

410

Од денеска студентите може да аплицираат за субвенциониран оброк со што ќе добиваат по 2.400 денари во период од девет месеци додека трае академската година. Аплицирањето ќе трае до 31 август, а оние студенти кои сè уште не запишале летен семестар односно идните бруцоши ќе може да се пријават од 1 до 31 октомври.

Инаку, околу 40.000 студенти месечно ќе добиваат по 2.400 денари за оброк, девет месеци во годината. За да ја користат оваа мерка, студентите мора да исполнуваат три услови.






Од Министерството за образование и наука (МОН) велат дека може да аплицираат сите редовни студенти на државните и приватните факултети кои имаат државјанство на Република Северна Македонија. За да добијат студентски оброк тие треба да не се во редовен работен однос, да не се регистрирани како индивидуални земјоделци и да немаат месечен приход по кој било основ поголем од минималната нето-плата.

Поврзани содржини