КОЈ МОНТИРА ИЗБОРИ ВО КУМАНОВО Димитриевски тврди дека се огрешиле и од шестата управа и од обезбедувањето на Спасовски

Димитриевски вели дека имаме узурпирани политички партии трансформирани во акционерски друштва кои работат по желба на поединец.

1,568

Независниот кандидат за градоначалник на општина Куманово Максим Димитриевски, вечерва во дебатата на телевизија 24 зборуваше за узурпацијата на системот на МВР, нешто што по 5 години, требало да биде минато во земјава.

„Потрошивме многу време на улица заедно за да го спречиме тоа, да не се повтори никогаш. Ако се сеќавате на слоганите „Нема правда нема мир“ и „ова повеќе никогаш нема да дозволиме да се случува“, тоа уште повулгарно се случува во Куманово. Недозволиво е такво инволвирање на полицијата и во изборниот процес и злоупотреба на позициите на многу полициски службеници. Голем дел од нив ангажирани во шеста управа, некои во личното обезбедување на министерот Спасовски, директно да учествуваат во монтирање на еден изборен процес. Но, за тоа ќе зборуваме после изборите, сега сакам да се насочам исклучиво на проектите и развојот на Куманово. Впрочем, четири години ги поминав на тоа. Решивме голем број проблеми, а некои поединци доколку имаат доблест еден ден ќе се срамат – рече Димитриевски.






Во земјава, според Димитриевски, има урупирани политички партии, трансформирани во акционерски друштва кои функционираат по желба на поединец.

Поврзани содржини