Кој купува акции на Комерцијална банка?
Цена на акциите изнесуваше 8.100 односно 8.200 денари за акција.
На берзата во две блок трансакции се продадоа вкупно 15.765 акции од Комерцијална банка АД Скопје. Вредноста на продажбата изнесува 127,7 милиони денари или околу 2 милиони евра.
Во првата трансакција вредна 122,7 милиони денари се продадоа 15.152 акции по цена од 8.100 денари за акција.
Втората трансакција достигна вредност од 3,5 милиони денари, а се продадоа 438 акции по цена од 8.200 денари за акција.