КОЈ, КАКО И ЗА КОЛКУ ПАРИ ЈА ПРОМОВИРА МАКЕДОНИЈА КАКО ИНВЕСТИЦИСКА ЛОКАЦИЈА? Митева од ВМРО-ДПМНЕ бара прецизни одговори од Јован Деспотовски
Согласно тврдењата на Јован Деспотовски, во Македонија за помалку од две години има договори за нови инвестиции од над 620 милиони евра и тоа над 70% биле нови компании кои за прв пат инвестирале во земјава, па го повикуваме јавно Деспотовски да ги објави и барем за една од тие да каже како тој лично ја привлекол инвестицијата, кои методи и знаења ги употребил, рече портпаролката на ВМРО-ДПМНЕ, Марија Митева.
Директорот на ТИРЗ Јован Деспотовски јавно да објави барем една инвестиција која тој лично успеал да ја привлече, на кој начин и преку која стратегија се привлекуваат странските директни инвестиции, побара на денешната прес-конференција портпаролката на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Марија Митева.
Таа обвини дека функционерите на власта се кријат преку пишани статуси на социјалните мрежи наместо да одговорат конкретно на прашањата на јавноста.
– Согласно тврдењата на Јован Деспотовски, во Македонија за помалку од две години има договори за нови инвестиции од над 620 милиони евра и тоа над 70% биле нови компании кои за прв пат инвестирале во земјава, па го повикуваме јавно Деспотовски да ги објави и барем за една од тие да каже како тој лично ја привлекол инвестицијата, кои методи и знаења ги употребил. Имено, повеќето т.н „нови инвестиции” се всушност проширување или реинвестиции на претходните чие доаѓање тогаш беше критикувано дека се случува само поради високи субвенции. Сега нивните, претходно планирани проширувања, се претставуваат како нови инвестиции и проекти, а се доделува дополнителна државна помош – истакна Митева.
Таа наведе и неколку примери:
– Johnson Controls (JCI) I Johnson Matthey дојдоа во Македонија во 2007 и 2008 година. До 2022, овие две компании или во случајот на JCI ја користиме Аптив како наследник на проектот во истиот објект сѐ уште се помеѓу петте најнапредни и најсофистицирани странски директни инвестиции во Македонија. Од каде тогаш коментарот дека сега се привлекуваат понапредни компании? Дали на инвестицијата од Питсбург во Жабени или корејската од ТИРЗ Скопје 2, кои беа претходно најавени се откажани бидејќи не беа доволно напредни или можеби е обратно, поради капацитетите на Дирекцијата кои се нотирани и во извештајот на ДЗР, инвеститорите сфатија со кого си имаат работа, па се повлекоа? Второ во однос на реинвестирањето – повеќето компании при првичниот инвестициски проект имаат 10-годишна стратегија со 2 до 3 инвестиции во својот инвестициски циклус. Зошто ова реинвестирање се презентира сега како некој „успех” кога тоа компаниите го предвиделе уште од самиот почеток (пример за тоа се компанијата Kemet, Gerresheimer, Kostal, Krombert & Shubert и сл.). Трето, каде е Американската компанија „Jennmar” од Питсбург во Жабени заради која дел од зоната Жабени се пренамени во ТИРЗ и каде е Rechi&Sons во Струга? Каде е турската компанија Mepsan во Скопје 1 или Јужно корејската инвестиција „Almak” во Скопје 2 зоната? Поради тоа што Јован Деспотовски вели дека резултатите во делот на странските инвестиции се видливи, еве повторно јавно го прашуваме која е стратегијата за привлекување на странски директни инвестиции – кој точно привлекува нови инвестиции, на кој начин и каде? Кои се приоритетни сектори и кој кадар има знаење и искуство во истите за да ги анализира и избере таргетираните компании? Кој, како и за колку пари ја промовира Македонија како инвестициска локација? – истакна Митева.
Исто така, додаде таа, очекуваме Јован да одговори и до каде е камен темелникот на eGo во Тетово кој требаше да се стави на денот на рамковниот договор.
– И за крај, Јован Деспотовски треба да одлучи дали зборува од името на директор на Дирекцијата за технолошко индустриски развојни зони или зборува како политичар, иако не сме запознаени за некаква негова партиска позиција, освен за една неуспешна кандидатура – рече Митева.