КОЊИТЕ ОД ЗООЛОШКА БИЛЕ ОТРУЕНИ Пристигнаа резултатите од обдукцијата

Резултатите од обдукцијата се доставени во МВР и во Агенцијата за храна и ветеринарство за понатамошно постапување. ЗОО Скопје поднесе и официјална кривична пријава, а по сторителот активно се трага и се проверуваат сите снимки од безбедносните камери, велат од ЗОО.

946

Од ЈУ Зоолошка градина на Град Скопје денеска потврдија дека официјалните резултати од обдукциските наоди покажуваат дека сортните коњи во ЗОО сепак се отруени со брзоделувачки отров.

– Резултатите од обдукцијата се доставени во МВР и во Агенцијата за храна и ветеринарство за понатамошно постапување. ЗОО Скопје поднесе и официјална кривична пријава, а по сторителот активно се трага и се проверуваат сите снимки од безбедносните камери. Ваквиот срамен и кукавички чин силно го осудуваме и апелираме до МВР и Обвинителството да постапат што е можно побрзо со цел санкционирање на сторителот – се вели во соопштението од ЗОО Скопје.






УГИНАТИТЕ КОЊИ ВО СКОПСКАТА ЗООЛОШКА ГРАДИНА БИЛЕ ИСКЛУЧИТЕЛНО ВРЕДНИ Донаторите разочарани од негрижата

Поврзани содржини