Кој има ваков министeр? Жените паѓаат во несвест, реагирал дури и премиерот (ФОТО)

1,303

Не може секоја држава да се пофали со атлетски градени министри, па така во текот на викендот снимката од израелскиот министер за туризам, Јоел Развозов, привлекла големо внимание, дотолку што реагирал и премиерот на таа држава.

„Заборавија ова да ни го кажат – Развозов е најзгодниот министер за туризам што некогаш сме го имале“, стоело во описот на видеото на кое се гледа маж како излегува од вода, со даска за сурфање.






Развозов (40), инаку член на партијата на Јаир Лапид, претходно успешно се занимавал со џудо, а земјата ја претставувал на европски и светски првенства, како и на Олимписките игри.

Бидејќи имал неколку значајни повреди, одлучил повеќе да не се занимава со спорт, па влегол во политиката, но и понатаму редовно вежба и сурфа.

На саботниот состанок на Кабинетот, новиот премиер на Израел, Нафтали Бенет рекол: „Јоел, престани да ги засрамуваш мажите пред нивните сопруги“.

Розвозов брзо одговорил: „Јас само ги промовирам израелските плажи“.

ФОТО: Фејсбук/Твитер

 

 

 

Поврзани содржини