Кој има, пак ќе има!

Во договор со Фондацијата Ѓорѓи Марјановиќ, Плусинфо повремено ќе преобјавува делови од негови колумни објавени во дневниот весник „Дневник“. На тој начин, освен што ќе ги освежиме сеќавањата на овој исклучителен интелектуалец, сакаме да придонесеме и за активностите на Фондацијата која го продолжува неговото благородно дело.

713

РЕПРИНТ (Објавено во „Дневник“ на 14.10.1998 година)

Edward B. Fiske, не­ко­га­шен уред­ни­к по об­ра­зо­ва­ни­е на „Њу­јор­к тај­мс”, од 1982 на­ва­му се­ко­ја го­ди­на го (пре)из­да­ва сво­јот „ТНЕ FI­Ѕ­КЕ GUIDE TO COLLEGES” (Фис­ке­о­ви­от во­дич за ко­ле­џи­те). Ов­де мно­гу ме ин­те­ре­си­ра об­ра­зов­ни­от сис­тем, заш­то Аме­ри­ка не е тол­ку прос­пе­ри­тет­на са­мо за­то­а што е бо­га­та (Ру­си­ја е, мо­же­би, и по­бо­га­та!), ту­ку за­то­а што не­ве­ро­јат­но штед­ро ин­вес­ти­ра во об­ра­зо­ва­ни­е­то (са­мо бу­џе­тот на Columbia University е три и пол ми­ли­јар­ди до­ла­ри го­диш­но!).






Во­ди­чо­т за 1999 го­ди­на поч­ну­ва со аме­ри­кан­ска­та жи­вот­на фи­ло­зо­фи­ја – об­ра­зо­ва­ни­е­то во фун­кци­ја на бо­га­те­ње­то (ве­ќе прво­то пог­лав­је но­си сим­пто­ма­ти­чен нас­лов: „The rich gets richer” – „Бо­га­ти­от ста­ну­ва уш­те по­бо­гат”): „Нат­пре­ва­рот за упис на на­је­лит­ни­те ко­ле­џи и уни­вер­зи­те­ти е по­ин­тен­зи­вен од ко­га и да е. Во по­следни­ве пет го­ди­ни при­ја­ви­те за вак­ви­те инс­ти­ту­ци­и на­раснаа за 50 от­сто. За­тоа, вни­ма­вај­те, до­де­ка 50 от­сто од нај­се­лек­тив­ни­те учи­лиш­та се преп­ла­ве­ни со при­ја­ви, дру­ги­те се мно­гу по­неп­ре­бир­ли­ви.”. Огром­но­то мно­зинство че­ти­ри­го­диш­ни на­ци­о­нал­ни инс­ти­ту­ци­и го при­ма­ат се­кој кан­ди­да­т што ги ис­пол­ну­ва ус­ло­ви­те за упис. За­тоа, пак, 75 инс­ти­ту­ци­и од Фис­ке­о­ви­от во­дич (кој опи­шу­ва са­мо 300 „нај­до­бри и на­јин­те­рес­ни” ко­ле­џи на Аме­ри­ка), обич­но од­би­ва­ат по­ве­ќе кан­ди­да­ти одош­то при­ма­ат.

Не зна­м зош­то (ов­де и се­га) се при­се­тив на еден нас­тан од 1987 го­ди­на, ако не се ла­жам: еден ден ме по­ба­ра по те­ле­фон со­фис­ти­ци­ран жен­ски глас прет­ста­ву­вај­ќи се ка­ко „Ка­би­нет на Дру­га­рот ХY” (прет­се­да­тел на Прет­се­да­тел­ство­то на СРМ!). Дру­га­рот XY са­кал да се ви­ди со ме­не. Во принцип – не­ма­м ниш­то про­тив! Нај­си­гу­рен на­чин да ме нај­де е во по­не­дел­ни­к (ко­га има­м ча­со­ви!) нап­лад­не да би­де пред мо­јот ка­би­нет. Ко­га чу што тре­ба да му пре­не­се на ше­фот на држа­ва­та, да­ма­та са­мо што не фа­ти да ика. Но (ум­на же­на!), бр­гу се со­зе­де. Ре­че де­ка би­ло по­доб­ро лич­но да се до­го­во­ри­ме за ви­ду­ва­ње­то и ми ја пре­пуш­ти ли­ни­ја­та.

Во по­не­дел­ни­кот Дру­га­рот XY дој­де, љу­без­но ме поз­дра­ви и поч­на со то­а де­ка јас не­го не сум го поз­на­вал. Го пре­ки­нав: „Обрат­но! Ви­е не ме поз­на­ва­те! Јас Вас Ве зна­м од дет­ски го­ди­ни!”. И фа­тив да му ка­жу­ва­м ка­де жи­ве­ев ка­ко де­те (во не­го­во­то ма­а­ло), што се збо­ру­ва­ше за не­го по вра­ќа­ње­то од пар­ти­за­ни­те (го­ле­м ју­нак, де­мек!), итн. итн. Чо­ве­кот рас­те­ше од мо­ја­та лас­ка­ва при­каз­на. По­тем, су­во ми­нав на служ­бе­ни­от дел: што ма­ка има – кај про­фе­со­ри не се оди без ма­ка. Не­мал ни­как­ва ма­ка. Прос­то, син му бил наш сту­дент! „То­а го знам, ре­ков, ко­ле­ги­те ве­ќе ми ка­жа­а де­ка има­те оби­чај да оди­те од про­фе­сор до про­фе­сор. Доз­во­ле­те да Ве по­со­ве­ту­ва­м да не пра­ви­те та­ка. Ни­е про­фе­со­ри­те сме чу­ден свет: штом ќе ни дој­де не­кој тат­ко, зна­е­ме – или де­те­то (Бог да чу­ва) не е ка­ко што тре­ба, или е мрзли­во, па му тре­ба про­тек­ци­ја. Што се од­не­су­ва до Ва­ши­от син, јас за не­го ќе се гри­жа­м тат­ков­ски!”. То­а глав­но бе­ше це­ли­от раз­го­вор. Чо­ве­кот љу­без­но се заб­ла­го­да­ри, ме поз­дра­ви и си оти­де. Прв­па­т во жи­во­тот (и ве­ро­јат­но по­след­ен) до­жи­ве­ав не­кој да се од­да­ле­чу­ва од ме­не, не вр­теј­ќи ми го гр­бот (одеј­ќи „на­зач­ки”!).

Целата колумна прочитајте ја на следниот ЛИНК.

***

Сакате да продолжите со читањето на останатите 319 колумни? Обезбедете си примерок!
Оваа колумна е само една 319-те издадени во збирката наречена едноставно „Колумни“. Оваа книга, како и сите останати во издание на Фондацијата Ѓорѓи Марјановиќ, не се продаваат на „традиционален“ начин. туку се добиваат како благодарност за вашата донација. Финансиските средства обезбедени од донациите ќе бидат употребени за помош при школување и вработување на деца без родители, што е една од стратешките определби на Фондацијата.

Инструкции за нарачување За да ја добиете оваа книга, кликнете на копчето Донирај на следниот ЛИНК и во полето за забелешка наведете ја адресата на која сакате да ви биде доставена книгата. Донирајте износ по Ваш избор во Фондот за школување на Фондацијата Ѓорѓи Марјановиќ, а книгите заедно со автограм од авторот ќе Ви бидат доставени на Вашата домашна адреса. Забелешка: Можете да донирате износ по Ваш избор, но не помал од 1500 ден + поштарина. Поштарината за испорака во Македонија изнесува 130 денари. За испорака надвор од Македонија, контактирајте ја Фондацијата претходно.

Поврзани содржини