„КОЈ И ДА НЀ ПОВРЕДИ, И НИЕ ЌЕ ГО ПОВРЕДИМЕ, ЛАДНО И ОДЛУЧНО!“ Нетанјаху е спремен за најлошото

По неколку дена чекање да започне нападот, израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека одбранбените системи на земјата се активирани, армијата е подготвена и дека ќе одговори на сите удари.

1,461

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху се огласи за нападот со дронови на Иран врз Израел во саботата вечерта, објави српски Мондо.

По неколку дена чекање да започне нападот, Бенјамин Нетанјаху изјави дека одбранбените системи на земјата се активирани, армијата е подготвена и дека ќе одговори на сите удари.






– Воспоставив јасен принцип, кој и да нѐ повреди, ние ќе го повредиме. Ќе се заштитиме од секаква закана и тоа ќе го направиме ладно и одлучно – рече тој.

Бидејќи на беспилотните летала им требаат неколку часа за да стигнат до крајната дестинација, се очекува Израел да се соочи со напад во текот на ноќта. Во меѓувреме, системот за противвоздушна одбрана и израелското воздухопловство ќе направат сѐ за да ги соборат тие летала, со објаснување дека не постои систем способен да ги собори сите дронови.

Во меѓувреме, израелските воздухопловни сили го затворија воздушниот простор над земјата за сите летови, сето тоа како подготовка за нападот со беспилотни летала.

Иранската државна телевизија исто така објави дека Техеран извршил напад врз Израел.

Поврзани содржини