КОЈ ГРАДИ ВО ТЕМНО И НА ДИВО? Раскопано е околу поликлиниката Бит Пазар

672

Не е познато кој денеска попладне ја урнал оградата и со помош на тешка механизација го разорал просторот зад поликлиниката Бит Пазар.

Телевизија Канал 5 побарала информација од директорот на Здравствен дом Скопје, Виктор Исјановски, но тој не знае кој гради и со чија дозвола.






Исјановски пријавил во полиција, но од таму нема реакција.

„Некој сакал да гради противправно без дозвола од општина и од поликлиниката при што оштетил дел од оградата, излезени на лице место полициски службеници од ЕВР Центар и Бит Пазар и известен е дежурен ЈО“, било наведено во пријавата на МВР, објави Канал 5.

 

 

фото: Канал 5

Поврзани содржини