КОЈ ГО УРНА ФЕЈСБУК? Грешка или саботажа, паѓаат акциите на гигантот попладнево

Најчесто, станува збор за грешка во конфигурацијата, што пак може да е последица на внатрешна грешка или пак саботажа од вработен во компанијата. Иако не е исклучено, според Ројтерс малку е веројатно дека станува збор за хакерски напад бидејќи за да се „бутне“ Фејсбук со т.н. DoS напад би требало да има координирана акција од повеќе криминални групи или пак примена на особено иновативна техника.

4,182

Попладневно, акциите на Фејсбук паднаа за околу 5,5%, што е најлош ден за компанијата во последната година. Но, падот на акциите не се должи само на проблемите во „виртуелниот“ свет.

Фејсбук, Инстаграм, Месинџер и Вотсап се соочуваат со еден од најголемите прекини во работата досега. Сите четири услуги се во сопственост на „Фејсбук“ и не може да им се пристапи и од компјутер и преку смартфон апликациите.






„Даундетектор“, кој следи вакви прекини, објави дека има речиси 80.000 пријави на Вотсап и повеќе од 50.000 на Фејсбук. Податоците од сајтот сугерираат дека прекинот се случува низ цел свет.

Вчера, поранешната вработена во Фејсбук, Францес Хауген, на американската ТВ емисија „60 минути“, откри дека таа е „свиркачот“ кој во изминатиов период испраќаше доверливи информации до медиумите дека компанијата давала приоритет на профитот пред безбедноста на мрежата. Сега и со име и презиме Хауген го обвини Фејсбук дека ги засилувал своите алгоритми за откривање и блокирање на лажни вести само под притисок на јавноста, за веднаш штом ќе помине притисокот да се врати „стариот“ слободен систем на ширење секакви информации во име на раст на мрежата.

Ројтерс, пак, пишува дека падот на гигантот може да се случи поради повеќе причини.

Најчесто, станува збор за грешка во конфигурацијата, што пак може да е последица на внатрешна грешка или пак саботажа од вработен во компанијата. Иако не е исклучено, според Ројтерс малку е веројатно дека станува збор за хакерски напад бидејќи за да се „бутне“ Фејсбук со т.н. DoS напад би требало да има координирана акција од повеќе криминални групи или пак примена на особено иновативна техника.

„Фејсбук беше недостапен затоа што корисниците не беа упатени на вистинското место од системот за имиња на домени. Самиот Фејсбук ги контролира соодветните поставки“, пишува Ројтерс.

Проблемите со пристапот почнале околу 17 часот по македонско време, а сервисите на „Фејсбук“ целосно паднале 40 минути подоцна.

„Свесни сме дека некои луѓе имаат проблем да пристапат до нашите апликации и производи. Работиме на тоа да ги вратиме работите во нормала најбрзо што може“, објави „Фејсбук“ на ривалската социјална мрежа Твитер.

Од компанијата не ја кажаа официјалната причина за прекинот.

Поврзани содржини