КОЈ ГО ПРОМЕНИ ЗБОРОТ „АНТИВАКСЕР“ ВО РЕЧНИКОТ? Мала измена ги разбранува социјалните мрежи
Причината за промената од „закони“ во „регулативи“ (кај зборот антиваксер) е тоа што многуте цитирани докази покажуваат дека овој термин се користи во однос на политиките за вакцини за училиштата, рестораните, местата за концерти и за баровите и дека многу од овие работи не се закони, туку регулативи, рече тој за Асошиејтед Прес.
Мериам-Вебстер, еден од најголемите издавачи на речници во САД, тукушто го промени значењето на зборовите „вакцина“ и „антиваксер“ со што налути многу луѓе на социјалните мрежи. Накратко, кај „вакцина“ беше сменето дека вакцините даваат „имунитет“ во „имунолошки одговор“, а „антиваксер“, човекот кој се противи на законот, сега е оној кој се противи на „регулативите“, пишува ИФЛ Наука.
„Орвеловска“ беше наречена промената во овие два зборови, иако според газдата, Питер Соколовски, се работи за технички измени.
– Причината за промената од „закони“ во „регулативи“ (кај зборот антиваксер) е тоа што многуте цитирани докази покажуваат дека овој термин се користи во однос на политиките за вакцини за училиштата, рестораните, местата за концерти и за баровите и дека многу од овие работи не се закони, туку регулативи – рече тој за Асошиејтед Прес.
Според Кандас Овенс, позната блогерка, проблем е тоа што во дефиницијата за антиваксер се става и човек кој е против мерките другите луѓе да бидат вакцинирани.
„Па така, можеш и четирипати да си вакцинирани, а пак да ти залепат етикета „антиваксер“ ако не ги почитуваш мерките на твојата влада“, напиша таа на Твитер.
Merriam Webster has updated the definition of “anti-vaxxer” to include people who are against the forced vaccination of others. So you can be quadruple jabbed and still labeled “anti-vaxxed” if you don’t support authoritarian government mandates.
LOLLLLLLL @MerriamWebster pic.twitter.com/oRGkNVwvnp
— Candace Owens (@RealCandaceO) December 7, 2021
Реакции имаше и за промената на „имунитет“ во „имунолошки одговор“ кај „вакцина“.
„Вакцината порано се дефинираше како супстанција која обезбедува „имунитет“ на одредена болест. Сега, Мериам-Вебстер буквално ја смени дефиницијата за „вакцина“ и го отстрани делот „имунитет“ со цел можеби да го покрие фактот дека „вакцините“ за ковид-19 всушност не обезбедуваат имунитет од ковид-19“, гласи една Фејсбук-објава од ноември годинава.
Сепак, Мериам-Вебстер не ја тргна целосно старата дефиниција, туку таа може да се најде под новата. А, еве како гласи новата.
„Препарат што се администрира (како со инјекција) за да се стимулира имунолошкиот одговор на телото против специфичен инфективен агенс или болест“.
Соколовски за Ју-ес-еј-тудеј објасни дека дефиницијата на зборот едноставно еволуирала за да одрази како научно функционира вакцината. Неодамна нешто слично направи американскиот Центар за контрола и превенција на болести (ЦДЦ), кој ја промени својата дефиниција за вакцина од „производ што го стимулира имунолошкиот систем на една личност да создаде имунитет на одредена болест“ во „препарат што се користи да го стимулира имунолошкиот одговор на телото против болести“.
Портпаролот на ЦДЦ за McClatchyNews изјави дека тие ја направиле оваа промена бидејќи старата дефиниција можела да се „интерпретира дека значи дека вакцините се 100 отсто ефективни, што никогаш не било случај за ниту една вакцина, така што сегашната дефиниција е потранспарентна“.