КОЈ ГО ПРЕДИЗВИКАЛ ПОЖАРОТ? Гореше ќелија во затворот во Битола

Нема повредени во пожарот. Лекарска помош побарале неколку чувари во затворот кои вдишале чад.

986

Вчера попладне избувнал пожар во една од ќелиите во затворот во Битола, а чадот стигнал до сите ќелии каде што се наоѓаат притвореници.

Според Управата за извршување на санкции, огнот бил набрзо изгаснат.






Неофицијално пожарот бил намерно предизвикан од еден од притворениците, а чадот се проширил преку централниот систем за вентилација.

Според првичните информации, нема повредени во пожарот. Лекарска помош побарале неколку чувари во затворот кои вдишале чад.

Притворениците се преместени низ другите затвори во земјава.

Во затворот моментално се сместени 18 лица на кои им е иzречена мерка притвор.

Официјални информации и повеќе детали за пожарот се очекуваат во текот на денешниот ден.

Поврзани содржини