🎥 КОЈ ГО НАРЕКУВА НАРОДОТ „БУДАЛИ“ И „СТОКА“, НЕКА СЕ СПРЕМА ЗА ПОЛИТИЧКА ПЕНЗИЈА Пратеникот Лефков бара СДСМ да им се извини на граѓаните
Пратеникот Лефков ги повика сите граѓански организации и политички партии да го осудат односот на СДСМ кон народот, нагласувајќи дека навредувањето на граѓаните не смее да стане дел од политичкиот дискурс.
Миле Лефков, пратеник и член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, на прес-конференција остро реагираше на односот на СДСМ кон граѓаните по објавувањето на анкетите, кои покажуваат значајна предност за ВМРО-ДПМНЕ.
Лефков истакна дека „нервозата во СДС поради резултатите од анкетите, каде што заостануваат 5:1 зад ВМРО-ДПМНЕ, не е оправдување за навредување на граѓаните со изрази како ‘будали'”. Тој побара СДС веднаш да се извини.
„Партиите постојат заради граѓаните, а не граѓаните заради партиите“, подвлече Лефков, додавајќи дека наместо навреди, СДС треба да се фокусира на своите грешки и да се коригира. Според него, извинувањето е најмалку што СДС може да го направи во моментот.
Лефков го спомена и Венко Филипче, посочувајќи дека тој ја донел партијата во срамна ситуација. Тој ја поврза сегашната реторика на СДСМ со изјавите на претседателот Стево Пендаровски, кој во минатото ги нарече граѓаните „стока“, нагласувајќи дека таквите политики завршуваат во „политичка пензија“.
Како дополнение, Лефков ги повика сите граѓански организации и политички партии да го осудат односот на СДСМ кон народот, нагласувајќи дека вреѓањето на граѓаните не смее да стане дел од политичкиот дискурс.