КОЈ ГО „ДРПНА“ КРСТОТ НА ПАПАТА БЕНЕДИКТ? Папскиот пекторал бил украден од црква во Германија

Поранешниот папа и го оставил крстот што го носеше на градите на родната парохија во германскиот град Траунштајн.

351

Непознати сторители го украле крстот на покојниот папа Бенедикт Шеснаесетти од парохиска црква во јужната германска провинција Баварија. Поранешниот папа и го остави крстот што го носеше на градите на родната парохија во Траунштајн, соопшти денеска Државната канцеларија на баварската криминалистичка полиција (ЛКА).

„Папскиот пекторал“ бил украден вчера од црквата Свети Освалд во Траунштајн. Сторителите ја скршиле витрината вградена во ѕидот и го украле крстот. Освен тоа, скршена е и каса на штандот за списанија и украдени се пари, се додава во извештајот.
– Не можеме да ја исклучиме можноста дека се работи за планирано дело. Кражбата е забележана веќе во понеделникот, а истрагата подоцна ја презеде ЛКА –  рече портпаролот на ЛКА.

Поврзани содржини