Дошол Трпе на гости кај Трајче и гледа – во дворот играат тенис Ѓоковиќ и Надал.
– Аууу Трајче. Од каде бе кај тебе во дворов светски тенис?! – прашува Трајче.
– Остај, фатив златна рипка и ми кажа дека може да ми исполни една желба, ако ја пуштам.
– Не ја пуштај веднаш, дај ми ја и на мене да ми исполни една желба! – свикал Трајче возбудено.
По некое време, доаѓа Миле кај Трајчета дома. И таму ја затекнува Мара, најдебелата жена во селото.
– Аман Трајче, што текна да се фатиш со Мара?
– Остај Миле, ми ја позајми Трпе златната рипка што ја фатил, за да ми исполни една желба. Ѝ побарав дебела пара и ете, ја добив дебела Мара.
– Е да знаеш – му вели Миле – се зафркнав и јас со рипката. Го гледаш ли овој кабелов?
– Го гледам. Јака жичка е тоа, три иполка, квалитетна…
– A бе не барав јас јака жичка, Миле. Ама така испадна…
Отрчале двајцата кај Трпета да ја рекламираат рипката.
– А бре Трпе, што нѐ запусти вака? Оваа твојава рипка фалична да не е? Да не е наглува малку?
– А што мислите вие, дека јас ѝ побарав светски тенис?!