КОЈ Е УБИЕЦОТ ШТО УСМРТИ ТРИ ЛУЃЕ ВО АВТОБУС НА КОСОВО? 20.000 евра награда за оној што ќе го открие
Според првичните информации, засега непознато лице отворило оган од автоматско оружје врз автобусот, при што на самото место загинал возачот, а двете деца починале во болницата во Пеќ, каде што биле пренесени.е деца починале во болницата во Пеќ, каде што биле пренесени.
Дури 20.000 евра може да добие оној кој ќе им помогне на истражителите во Косово да го расветлат грозоморното тројно убиство кај градот Дечане во петокот, кога непознат сторител од автоматска пушка успеал да усмрти двајца матуранти и возачот на автобусот полн со средношколци, јавува МИА.
🇽🇰⚡3 dead, 2 injured after bus shooting in #Kosovo pic.twitter.com/7rJDiOkMJD
— Kreately.in (@KreatelyMedia) November 26, 2021
– Како премиер, заедно со МВР и Полицијата на Косово, апелираме кај граѓаните кои може да имаат некакви сознанија за случајот да ѝ помогнат на полицијата со информации за откривањето на авторот или авторите на овој чин и за тоа нудиме награда од 20.000 евра за секоја граѓанин кој може да даде информација што ќе води кон расветлување или решавање на овој случај, се вели во соопштението од кабинетот на косовскиот премиер Албин Курти.
Веднаш по инцидентот, полицијата распиша потерница по непознат сторител, а засега ја исклучува можноста дека се работи за терористички напад.
Две деца, на возраст од 17 и 18 години, како и возачот на автобусот кој превезувал ученици, се убиени во петокот вечерта во вооружен напад кај селото Глоѓан, во близина на Дечане.
Официјални извори од косовската полиција, изјавија за медиумите дека, според првичните информации, засега непознато лице отворило оган од автоматско оружје врз автобусот, при што на самото место загинал возачот, а двете деца починале во болницата во Пеќ, каде што биле пренесени. Уште едно лице е рането и, откако му е пружена лекарска помош, се наоѓа надвор од животна опасност.