Кој ќе тргне во Австрија без маска и тест, ќе плати казна од 90 евра
Според новата регулатива, властите можат да казнат лице ако, при влез во земјата, тој што нема „маска што ги покрива устата и носот“ или нема маска на заштитно ниво FFP2 без вентил.
Во Австрија стапи на сила новата регулатива на Министерството за здравство, која предвидува казни за лицата што влегуваат во земјата и кои ги немаат потребните маски и епидемиолошки документи.
Според новата регулатива, властите можат да казнат лице ако, при влез во земјата, тој што нема „маска што ги покрива устата и носот“ или нема маска на заштитно ниво FFP2 без вентил.
Казниво е и доколку некое лице што сака да влезе во Австрија ги нема потребните епидемиолошки документи, односно потврда за вакцинација, со вакцини признати од Европската агенција за лекови (ЕМА) или Светската здравствена организација (СЗО), или негативен тест или потврда за прележан коронавирус кој не е постар од шест месеци.
Според декретот, оние кои немаат маска или потребна документација ќе треба да платат казна од 90 евра.
Министерството објасни дека указот е воведен затоа што сегашната законска рамка не предвидува можност за казнување.