КОЈ ЌЕ ТЕ „УПРОПАСТИ“ АКО НЕ БИВШАТА? Кралот на криптовалутите осуден, може да заглави и до 100 години самотија!

Сем Банкмен-Фрид внимателно го градел свој имиџ, со цел да заработи на неговиот необичен изглед – разбушавена коса, мајца и куси панталони. На крајот, по заслуга на својата поранешна девојка, извршна директорка во компанијата, сега главен сведок на обвинението, кралот ќе остане и - без гаќи. 

990

Сем Банкмен-Фрид, кој некогаш ја водеше една од најголемите берзи за криптовалути во светот, FTX, е прогласен за виновен за измама и за перење пари.

Ова е исходот од едномесечниот судски процес што против него се водеше во Њујорк. Поротата, како што пренесува Би-би-си, одлуката со која тој е прогласен за виновен ја донела по помалку од 5 часа разгледување на доказите.






Пресудата, според британскиот национален сервис, претставува неверојатен пад во кариерата за 31-годишниот поранешен милијардер и едно од најекспонираните лица во индустријата на крипто-валути.

Банкмен-Фрид беше уапсен минатата година во декември на Бахамите по налог на американското обвинителство, откако неговата фрима банкротира.

Според Владата на САД, Банкман-Фрид извршил една од најголемите финански измами во историјата. Обвинет е по седум точки, вклучително измама на инвеститорите на FTX. Кога лани во ноември оваа берза се урна како кула од карти, учесниците изгубија милијарди долари.

Печатот во САД ја споредува пропаднатата крипто берза на Банкман-Фрид со финансиската пирамида на Берни Мeдоф, најпознатиот американски измамник кој во 2021 година почина во затвор.

Каролајн Елисон, поранешна извршна директорка на криптоимперијата на Банкмен-Фрид и негова поранешна девојка, беше клучен сведок на обвинителството.

Во текот на седочењето оваа недела што траеше три денови и во кое имаше и доста плачење, Елисон, како и Ванг, изјави дека Банкман-Фрид бил тој што ги влечел конците.

– Тој ме насочуваше да ги вршам овие злосторства – му кажа таа на судот.

Елисон наведе дека Банкман-Фрид бил манипулатор. Тоа е напишано во нејзиниот дневник што властите го пријавја како доказ. Во него таа пишува за нејзините лични и професинални фрустрации во работењето со поранешниот ивршен директор на FTX.

Таа во детали опиша како Банкмен-Фрид градел свој имиџ, со цел да заработи на неговиот забележителен изглед – разбушавена коса, мајца и куси панталони.

Според тужбата на обвинителството, Банкман-Фрид е главен организатор на масивен криминал. Се аргументира дека тој ги пренасочувал парите од FTX на друг фонд за инвестиции под негова контрола – Alameda Research – и употребили милијарди долари за исплата на долгови, инвестиции во ризични стартап компании и купување луксузни недвижности.

Тој сега се соочува со затворска казна во траење од неколку децении, па и до 100 години. Пресудата ќе биде соопштена на 28 март следната година.

Банкмен-Фрид во случајот се изјасни невин по сите обвиненија тврдејќи дека иако правел грешки, сепак, сите постапки му биле со добра намера.

СУДЕЊЕТО НА МАГНАТОТ НА КРИПТОВАЛУТИТЕ Дали поранешната девојка ќе го закопа актерот на една од најголемите финансиски измами во историјата?

Поврзани содржини